Последната снимка на младата девојка што загина на „Партизанска“ од која и камен ќе заплаче (видео)
Го прослави Божиќ и Бадник, па замина во царството небесно, меѓу ангелите....
„Златна Фросина. Господе давај сила на ова прекрасно семејство. Отвори ги рајските порти за овој ангел“, пишуваат граѓаните под последните објави на младата девојка што загина во Скопје…
Несреќата во која загина младата девојка од Неготино која беше прегазен од несовесен шофер ја потресе Македонија.
Станува збор за 22 годишната македонска дизајнерка Фросина Кулакова која беше прегазена на пешачки премин во Скопје.
Како што објавија медиумите, несовесниот шофер возилото го управувал без возачка дозвола и под дејство на алкохол.
Инстаграм/ Фросина Кулакова
Последните објави на девојчето што настрада многумина расплакаа
Станува збор за 20 годишно лице (В.Ј.) кој со своето пежо ја усмрти младата девојка и го зави во црно нејзиното семејство.
На социјалните мрежи многумина во шок и неверување изразуваат сочувство до семејството на загинатата девојка која беше млада и успешна модна дизајнерка, а нејзините последни објави на социјалните мрежи Инстаграм и Фејсбук никого не оставаат рамнодушен, посебно оние што беа блиски со неа и ја познаваа.
Принтскрин
Имено, на Фејсбукот на Фросина се уште стои снимката објавена на Божиќ каде таа заедно со најблиските му се радува на празникот.
Оваа 22 годишна девојка на овие објави е среќна и насмеана, но за жал, неа повеќе ја нема, а ова предизвикува болка кај многумина.
Инстаграм/ Фросина Кулакова
Покрај колажот снимки Фросина пред само неколку дена сподели и семејни фотографии од прославата на Бадник.
Таа и тогаш беше насмеана и среќна, а само неколку дена подоцна нејзиниот живот згасна и го остави семејството во голема болка.
Го прослави Божиќ и Бадник, па замина во царството небесно, меѓу ангелите….
Потсетуваме, Фросина Кулакова пред само неколку месеци ги воодушеви сите со своите модели на годишната ревија на Интернационалниот институт за мода „Изет Цури“ каде студираше моден дизајн. Таа во јавноста е позната и од видео записот „Божиќ за секој од нас“, каде заедно со нејзината сестра Росица и Димитар кои во 2007 година на „Детска Евровизија“ и го донесоа на Македонија високото петто место, ги освоија симпатиите на гледачите.
Инстаграм/ Фросина Кулакова
Фросина беше активна и на Инстаграм каде како и многу други врснички речиси секојдневно споделуваше свои објави.
Граѓаните во шок и неверување од страшната вест под некои од овие објави на Фросина изразуваат сочувство до семејството, истовремено молејќи му се на севишниот да ги отвори рајските порти за неа.
Инстаграм/ Фросина Кулакова
„Златна Фросина. Господе давај сила на ова прекрасно семејство. Отвори ги рајските порти за овој ангел“, пишува во само една од многуте пораки што граѓаните ги оставаат под нејзините објави на социјалните мрежи, изразувајќи сочувство до нејзиното семејство и истакнувајќи дека нивните мисли се со нив во овие тешки моменти. „Никогаш, никој, да не доживее ваква болка“, велат некои од нив.