Реклама
Култура[тор]

Денес го празнуваме Св. Атанасиј Вeлики, најубавите цитати од отецот – „како што е невозможно со очите да се опфатат сите бранови…“

Православните христијани денес (31 јануари) го слават Св. Атанасиј Велики, архиепископ Александриски – отец и учител, непомирлив борец со Ариевата ерес, исповедник на вистинското Православие, мудар пастир и аскет. Во денот на споменот на светителот, ги одбравме најубавите цитати од неговото учење.

Реклама

Верата се утврдува не со изреки, туку со смислата и побожниот живот.

*

Заслугите на Спасителот, остварени преку Неговото вочеловечување, се толку големи и бројни, што да се посака нивно опишување – тоа би било исто како да се обиде човек што го насочил погледот кон морската длабочина и сака да ги изброи нејзините бранови.

Маркетинг

Како што е невозможно со очите да се опфатат сите бранови, затоа што на оној што се обидува да го стори тоа му се појавуваат постојано нови и нови бранови, така и оној што се обидува со умот да ги одгатне сите заслуги што Христос ги остварил во телото, е невозможно да ги прими во своите мисли, затоа што новите мисли што доаѓаат се многу повеќе од оние што, како што мисли тој, веќе го опфатиле неговиот ум.

*

Маркетинг

Господ, примајќи ја смртта како човек, ја претвори во ништо големата мудрост на мудреците за идолите! Чија смрт некогаш ги истерувала демоните? И од чие име се плашеле демоните, ако не од Христовото? Каде и да се произнесе името на Спасителот – таму секој демон се истерува.

*

Бог стана Човек, за човекот да стане бог.

*

Синот Божји е нераздвоив од Отецот, како зракот од светлината.

*

Спасителот, како што го принесе Своето тело на смрт за секого, така и со Своето тело повторно го отвори патот за секого да се вознесе на небото.

*

Господ и се роди, и се појави како Човек, умре и воскресна, со Своите дела понижувајќи и затемнувајќи ги делата на сите што некогаш живееле, за да ги оттргне луѓето од сè она што може да ги води кон предрасуди, и да ги научи на знаењето на вистинскиот Негов Отец.

*

Човечкиот род ќе пропаднеше ако не дојдеше Владиката и Спасителот на сите, Синот Божји, да стави крај на смртта.

*

Човекот, создаден од ништо, по природа е смртен; но, поради неговата сличност со Суштото, доколку го зачува овој стремеж на својот ум кон Него, може да го забави природното распаѓање во себе и би останал нераспадлив.

*

Зошто Господ не претрпе друга смрт туку смрт на крстот?.. Ако смртта Господова е откуп на сите, ако со неа се уништи ѕидот на преградата и се исполни повикот на народите ( Еф. 2:14), тогаш на кој начин би нè повикал кај Отецот, ако не би бил распнат на крстот? Зашто само на Крстот може да се умре со раширени раце.

*

Ниту еден демон не може да го поднесе името Христово, само штом го слушне, веднаш се дава на бегство.

*

Човечката природа сама по себе е недоволна за да ги изгони демоните, а тоа може да го прави само со силата на Духот.

*

Ѓаволот, кој го измислил ересот, поради смрдеата на сопствената злоба, ги користи изреките на Светото писмо за под нивна покривка да го посее својот отров, да ги измами простодушните.

*

Телото е како харфа на која душата, разумна и бесмртна, како музичар свири. Душата го движи телото, а таа самата себе се подвижува, зашто движењето на душата не не ништо друго туку живот на душата. За телото велиме дека живее кога се движи, а умира кога престанува во него движењето, т.е. кога го напушта душата… Животот пак на душата е Логосот Божји, и таа се умртвува штом ќе се оддели од заедницата со Него.

*

Царе, престани да ја прогонуваш Црквата, и сети се дека си смртен човек. Исплаши се од Судниот ден и сочувај се себе чист за тој ден. Не мешај се во црковните работи, и немој ти нам, на епископите, да ни заповедаш за тоа, туку попрво ти од нас учи се за нив. Тебе Бог ти го врачи царството, а нам епископите ни ги довери работите на Црквата. И како што оној кој ја нарушува твојата власт, се противи на Божјата заповед, така плаши се и ти, присвојувајќи го тоа што се однесува на Црквата, да не подлегнеш на голема осуда. Зашто е напишано: „Дајте му го царевото на царот, а Божјото на Бога“.

*

Иако не е можно да се сфати што е Бог, сепак е можно да се каже што Он не е.

*

Злото не е од Бога и не е во Бога, не било на почетокот и нема никаква суштина; но луѓето, откако го изгубија концептот за добро, почнаа по своја волја да го создаваат и да го замислуваат несушиствителното.

*

Во почетокот не постоело зло, затоа и сега нема зло во светите, и за нив воопшто не постои злото.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button