Доктор објаснува како да направите едноставен физички тест кој може да ја предвиди вашата долговечност
Луѓето кои не успеваат да го направат физичкиот тест, имаат поголема веројатност да умрат за шест години.
Секој сака да знае колку долго ќе живее, но допрва треба научниците да развијат волшебна формула за да одредат точно колку долго некој треба да очекува дека ќе живее.
Сепак, една лекарка која неодамна гостуваше во британската емисија „Тудеј“ вели дека едноставен тест може да ја открие веројатноста дали некој на возраст од 51 до 80 години ќе умре во блиска иднина.
Медицинскката соработничка на NBC News, д-р Натали Азар, гостуваше во емисијата „Тудеј“ и покажа како да се изврши едноставниот тест наречен SRT („сит ту стенд“) што може да помогне да се одреди долговечноста на некој помеѓу 51 и 80 годишна возраст.
Тестот е прилично едноставен. Застанете исправено во стоечка позиција, скрстете ги нозете и така поминете во седечка позиција, но без да користите делови од телото освен нозете и секако самото тело за да ви помогне да станете и да седнете.
Илустрацијата покажува како тоа треба да изгледа.
Тестот мери повеќе фактори за долговечност, вклучувајќи го здравјето на срцето, рамнотежа, агилност, силата и флексибилноста на телото и на нозете.
Го започнувате тестот со 10 поени, одземате поени на вашиот пат кон седнувањето и кревањето за да ја направите успешно препорачаната вежба односно тестот:
Рака користена за поддршка: минус 1 поен
Две раце користени за поддршка: минус 2 поена
Колено кое се користи за поддршка: минус 1 поен
Подлактица која се користи за потпора: минус 1 поен
Едната рака на коленото или бутот: минус 1 поен
Страна на ногата што се користи за поддршка: минус 1 поен
Extremely Important Sitting Rising Test Predicts How Long You’ll Live
Flexibility, balance and muscle strength are key indicators of longevity.
The SRT (sit-rising-test) is a simple, quick, accurate test to motivate you to regularly make it to the gym!https://t.co/faEovr5CL5 pic.twitter.com/sKbHyzVd6a— Don Crumlin (@Don_Crumlin) May 1, 2019
Студијата од 2012 година објавена од Европското здружение за кардиологија открила корелација помеѓу резултатот од тестот SRT и колку долго живеат луѓето.
Студијата била спроведена на 2002 луѓе, од кои 68% биле мажи, а 42 отсто жени кои го направиле SRT тестот, а потоа биле следени од истражувачите во наредните години. Студијата покажа дека „Мускулно-скелетната кондиција, како што е проценета од SRT тестот, е значаен предиктор за смртност кај субјекти на возраст од 51 до 80 години“.
Оние кои постигнале резултати во најнискиот опсег, од 0 до 3 поени, имале и до 6 пати поголеми шанси да умрат од оние со највисоки резултати (8 до 10 поени).
Околу 40% од оние во опсегот од 0 до 3 поени, починале во рок од 11 години од студијата.
Азар ја објасни студијата на емисијата „Тудеј“, велејќи: „Студијата покажа дека колку е помал резултатот, седум пати поголема е веројатноста да починете во следните шест години“.
„Осум поени или повеќе од 8 поени е она што треба да го сакате“, рече Азар. „Како што старееме, поминуваме време зборувајќи за кардиоваскуларното здравје и аеробната кондиција, но рамнотежата, флексибилноста и агилноста се исто така навистина многу важни“, нагласи таа.
Треба да се напомене дека луѓето кои постигнале најниски резултати на тестот воедно биле и најстари во групата испитаници.
И, се разбира, тестот не ги зема предвид повредите или попреченоста што може да го оневозможат извршувањето на тестот. Но, еден од авторите на студијата вели дека студијата е повик сериозно да ја сфатиме нашата мобилност.
„Колку сме поактивни, толку подобро можеме да се справиме со стресните фактори, толку е поголема веројатноста да се справиме со нешто лошо што ќе ни се случи по патот на животот“, изјави д-р Клаудио Гил Араухо, за USA Today.