Реклама
MAMAДом и семејство

Со едноставен трик ќе спречите прскање масло за време на пржењето – сите го имате ова дома

Реклама

Прскањето на маслото додека се пржи храната може да биде непријатно, дури и опасно.

За да избегнете изгореници, дамки на облеката и дополнително време за чистење на кујнските површини, дефинитивно треба да го испробате овој трик.

Прскањето се јавува за време на пржењето кога водата испарувана од храната и се меша со врелото масло. Прекумерното прскање на масло може да биде знак дека треба подобро да ги избришете тавите или да го исцедите зеленчукот пред да го пржите.

Маркетинг

Сепак, ова е донекаде природно бидејќи заруменувањето на месото, рибата, зеленчукот, е форма на дехидрација, па влагата мора некаде да излезе. Кога тоа ќе се случи, реакцијата помеѓу водата и маслото е неизбежна. Ова е причината зошто маслото прска.

Тогаш што да се прави?

Маркетинг

Употребете сол и тоа попрскајте го дното на тавата со сол.

Како апсорбер на влага, солта ја намалува количината на вода што доаѓа во контакт со маслото и го ограничува прскањето.

Едноставно посипете сол на дното на тавата и ќе спречите прскање.

Но, дали трикот со сол функционира и кога пржиме компирчиња или пилешки крилца употребувајќи многу повеќе масло?

Не секое јадење бара мала количина масло. Без разлика дали правите помфрит или крцкави пилешки крилца, вреди да се запрашате дали солта сè уште може да го спречи прскањето на маслото. Одговорот е не.

Држете се до овој едноставен трик само кога станува збор за пржење со помалку масло.

А кога треба да пржите намирници во многу масло, тогаш употребете ја таканаречената техника капка по капка за да спречите прскање. Внимателно ставете ја храната во врело масло, во помали количини на повеќе пати, избегнувајчи одеднаш да ја испуштите храната во тавата.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button