Реклама
Наши ѕвезди

Евгенија нема ни грам вишок и по две бремености – на професорот Вело му завидуваат заради сопругата

Нејзинот сопруг се топи во нејзино присуство

Реклама

Поранешната манекенка објави преубави фотографии

Веќе и врапчињата на гранките знаат дека Евгенија Марковска и нејзиниот сопруг важат за еден од најскладните парови.

Тие и покрај големата разлика во годините, но и предрасудите на околината со кои секојдневно се соочуваат, имаат складна брачна врска, а круна на нивната голема љубов се нивните две прекрасни дечиња.

Маркетинг

Евгенија и проф. др. Вело Марковски речиси постојано се заедно, но и често патуваат на интересни дестинации.

Маркетинг
Инстаграм/ Евгенија Марковска

Тоа впрочем можевме да го видиме и неодамна кога поранешната манекенка сподели неколку преубави фотографии.

Таа откри и дека уживаат во еден познат хотел на планината Пониква, а секако најмногу провлече внимание со следните фотки.

Инстаграм/ Евгенија Марковска

Имено, Евгенија реши да ги искористи услугите што ги нуди хотелот, па скокна во својот омилен костим за капење и го посети хотелскиот базен, додека сопругот, најверојатно, се најде во улога на фотограф.

Инстаграм/ Евгенија Марковска

И не тргајќи ја насмевката од своето лице таа му позираше на саканиот, но со ова издание го изненади и своите следбеници.

Инстаграм/ Евгенија Марковска

И секако дека следуваа бројни лајкови и коментари за ова издание на Евгенија, која поддршка со лајкче си доби и од сопругот.

Инстаграм/ Евгенија Марковска

Потсетуваме, со Евгенија неодамна зборувавме за изгледот, кога таа ни откри како ја одржува својата вита линија.

Инстаграм/ Евгенија Марковска

И како што изјави таа тогаш, формата ја одржува првенствено со активниот начин на живот, како и обврските што ги има околу децата, трчкање пи нив, собирање играчки и сите останати вакви слатки работи што ги прави.

„Покрај тоа сакам да вежбам фитнес и да трчам додека ги слушам омилените песни. Јас не гледам на вежбањето како обврска, туку како грижа за себе и после секој тренинг се осеќам среќно и исполнето“, вели Евгенија, но истовремен потенцирајќи и дека речиси воопшто не внимава на исхраната.

Инстаграм/ Евгенија Марковска

„Јадам сé, всушност воопшто не внимавам на исхраната исто така уживам и во јадење чоколади, но како што кажав за да се одржам во форма најважно ми е да бидам активна во текот на денот, ни откри тогаш госпоѓа Марковска за Гламур.

Целото интервју со неа прочитајте го тука

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button