ВИП гостите на инаугурацијата на Трамп добиле многу чудни подароци – изненадувачко што има во „пакетчињата“
Меѓу ВИП гостите на инаугурацијата на Доналд Трамп беа и Марк Цукерберг, Џеф Безос и Џо Роган.
Доналд Трамп не губи време за да почне да прави промени во неговиот втор мандат како претседател на САД.
По неговата инаугурација минатата недела (20 јануари), Трамп веќе потпиша голем број извршни наредби како 47-ми претседател на Америка. Една од наредбите е привремено да се стопираат сите американски програми за помош на други земји, па со оваа наредба се погодени повеќе македонски фирми.
Но, нам не интересира, дали тој претходно бил вклучен во процесот на подготовка на пакетчиња со подароци кои се делеле на ВИП гостите на инаугурацијата.
ВИП гостите на инаугурацијата, однеле дома торбичка со бизарни подароци, а технолошкиот експерт Кени Манта сподели на Икс што се вклучува торбичката, и самиот чудејќи се.
Прво што паѓа во очи се двете шишенца диетална Кока- кола, што е всушност омилениот пијалок на Трамп.
Потоа, ќебе и пешкири.
„Навистина убаво ќебе за да ја почувствувам удобноста и безбедноста на Америка како ми го загрева телото по години темнина“, се шегува технолошкиот експерт на Икс.
„Дебел пешкир за лице што ќе ми помогне да ја избришам сета нечистотија што се акумулирани во изминатите четири години“ – додаде тој.
Брош
Вусшност два броша, едниот со бројот 4, а другиот со бројот 7, што го означува 47-от претседател на Америка.
„Два прекрасни броша кои секаде ќе ги носам, веќе ги закачив на мојот џемпер“, продолжува да се шегува ИТ експертот.
Портрети
„Портрети што треба да висат над мојот кревет“, напиша Манта, споделувајќи ги сликичките што се нашле во торбата за подароци – едната е портрет на Трамп, а другата на потпретседателот Џеј Ди Венс.
Писма
Пакетчето за Вип гостите содржи и – верувале или не – писма.
„Следуваат љубовните писма од тимот на Трамп“, се пошегува Кени.
Претпоставувам дека немаме причина да не им веруваме – додаде тој.
Чаша за патување
Кени добил и црна чаша за патување, која, како што вели, најверојатно ќе ја користи на пат кон работа.
„Сосема нова чаша за да можам да ја вкусам слободата со секоја утринска голтка“, напиша тој.
Лосион, средство за дезинфекција на раце и чепкалки/стапчиња за чистење уши
„Лосион, стапчиња за чистење уши и средство за дезинфекција на раце за да се спречат нови пандемии“, се шегува тој.
Греалки за раце
Можеби двата најбизарни предмети во торбичката за подароци се двојно пакување на греалки за раце.
„Два пакета греалки за раце за да почувствувам како е да се ракуваш со Доналд Трамп“, се пошегува Кени.
Платнена ташничка за пазарување
Кени напиша за овој бизарен подарок:
„Единственото нешто што би ја направило оваа торба подобра е да се најдат неколку парички внатре“.