,,Јас сум Ема. Дипломирана пијанистка, автор на своја музика. Сакам да шетам, да пливам, да излегувам на забави, сакам животни… Ама не можам да гледам, па што, тоа е дел од мене, тоа е дел од моето #скрозјас“ – ова е дел од приказната на храбрата пијанистка Ема која која нѐ поттикна да размислиме за сето она што нѐ прави да бидеме #скрозјас.
Ема беше една од неколкуте јавни личности кои беа дел од #скрозјас настанот, каде dm ја претстави својата нова корпоративна кампања што ја носи пораката за важноста на прифаќањето себеси вклучувајќи ги сите свои особини, но и своите несовршености.
Таа вели дека низ животот се сретнала со многу предизвици, кои ѝ биле шанса за раст. Соочувајќи се со безброј прашања од околината, таа раскажува дека никогаш не мислела дека ќе може да заврши факултет бидејќи немало достапна литература на Брајово писмо. Но, нејзината желба била многу појака и ги победила недостатоците.
Слушнете ја целата приказна во продолжение:
dm нѐ повикува да се придружиме на нивната мисија и заедно да градиме заедница која слави разновидност. Тие нѐ охрабруваат да ги споделиме своите приказни и искуства користејќи го хаштагот #скрозјас и со нашите приказни да ја збогатиме не само оваа кампања, туку и целата заедница.