Големо достигнување за американската раперка, која со следбениците на Инстаграм ја сподели нејзината среќа што ги изгубила килограмите за кои одлучила дека се премногу.
View this post on Instagram
Маркетинг
Волја и многу грижа за себе: ова се елементите кои стојат зад слабеењето на Лизо. Познатата 36-годишна американска раперка го сподели своето патување за слабеење и физичка трансформација на Инстаграм, нагласувајќи ја важноста на самољубието и одлучноста кога сакате да постигнете цел.
Уметницата заслужна за мегахитовите како Truth Hurts и Good as Hell, објави на социјалните мрежи дека ја достигнала целната тежина, подвиг што не успеала да го види на себе од 2014 година.
View this post on Instagram
Во објава на Инстаграм, пејачката коментира:
„Јас успеав. Денес кога стапнав на вага, ја достигнав целта за слабеење. Оваа бројка ја немам видено од 2014 година! Нека ова ве потсети да верувате дека можете да постигнете сè што сакате“, напиша Лизо. Додавајќи ентузијастички: „Време е да се постават нови цели!“
View this post on Instagram
Патувањето на Лизо до постигнување на нејзината целна тежина започна во јануари 2024 година. Со комбинирање на тренинг и урамнотежена исхрана, раперката успеа да го намали индексот на телесна маса (БМИ) за 10,5 поени и да изгуби 16% маснотии.
И покрај тоа што некои „хејтери“ ја обвинуваат дека отстапува од пораките за позитивност кон сопственото тело, Лизо задржа позитивен став, нагласувајќи ја важноста да се сакате себеси и да се грижите за вашето здравје, без губење на автентичноста и спокојството.
Во интервју за „Њујорк тајмс“ минатата пролет, Лизо истакна дека нејзиното слабеење било намерно и постепено, резултат на постојан напор и избор на здрав начин на живот. Доказ дека чекор по чекор е можно да се достигне секоја цел.
View this post on Instagram
Што јаде Лизо
Раперката ги демантираше гласините дека ослабела со помош на Оземпик (инјекција за оние кои боледуваат од дијабетес, сега многу популарна меѓу славните личности). Таа појасни дека во текот на целата година се фокусирала на „аеробик, потоа умерен тренинг со тегови и дефицит на калории“.
View this post on Instagram
Практикува и вежби со јаже, најмногу скокање со јаже.
View this post on Instagram
Лизо сподели дека утрото го започнува со чаша млака вода со лимон, по што следи појадок приготвен со три белки од јајце, карфиол и овошје.
За меѓуоброк пие смути направено од протеински прав, какао, бадемово млеко, банана и мраз. Ова смути и дава доволно енергија за да го продолжи денот.
Следува ручекот во кој често вметнува бамја, зелена салата, парче пилешко или телешко месо, малку сенф и домашен чај од праска.
Пејачката за вечера се одлучува за риба или за пилешко на скара, аспарагус и моркови.
View this post on Instagram
Лизо нагласува дека иако е на диета, води здрав начин на живот.
Што се однесува до диетата на Лизо, таа е на протеинска, односно Кето диета која исклучува шеќери и јагленохидрати, а вклучува здрави масти и протеини, односно квалитетно место и многу зеленчук.
View this post on Instagram
„Водам многу здрав начин на живот – ментално, духовно, се трудам се што ставам во моето тело да биде супер чисто“, изјави таа за Венити фер. „Здравјето е нешто што ми е приоритет“ – заклучи таа.