Реклама
Наши ѕвезди

И Салма Хајек може да ѝ позавиди – Елена го покажа деколтето од соништата во „ризичен“ фустан

Фолк-пејачката покажа како се носи тесен бел фустан, за многумина ризичен да го облечат.

Реклама

Модните избори на фолк-пејачката Елена Велевска стануваа сѐ поженствени, пософистицирани.

Сега, таа им покажа на своите следбеници на социјалните мрежи како се носи бел, тесен, сензуален фустан.

Фустанот без прерамки ја следи силуетата, па во преден план ги истакнува колковите и деколтето, односно сите женски атрибути, и токму затоа е прилично ризичен за носење, освен за оние кои знаат да носат вакво уникатно модно парче.

Маркетинг

На холивудската глумица, на пример, Салма Хајек веднаш може да го замислиме истиот фустан со „вау“ ефект.

Фотографии- Фејсбук, Елена Велевска

Маркетинг

Пејачката го заокружи изгледот со бели салонки на високи потпетици и шминка која ги нагласува усните.

Инаку, Елена утре (29 јануари) ќе биде дел од сцената на отворањето на новиот ресторан Јани Кинг во Штип, а друштво ќе ѝ прават уште неколку колеги од фолк-сцената. Со оглед на тоа што и самиот сопственик на ресторанот е музичар, не се соменваме дека веселбата ќе биде во полн ек.

На 8 март пак, Елена ќе отпатува за Франкфурт, Германија, каде е закажан настап заедно со групата Алегро.

фото- Елена Велевска Фејсбук

Потсетуваме, Велевска пред шест години стави крај на бракот со бизнисменот Марјан Мирчески. Таа е мајка на три деца – ќерките Софија и Калија и синот Марко.

Минатата година раскошната пејачка со извонреден глас, гостуваше во поткастот на Лазаров каде на прашањето што очекува и бара од еден маж за да може да ја освои, таа откри:

„Барам разбирање, барам љубов, барам внимание, барам поддршка комплетна, барам да ме прифати дека имам 3 деца, барам да знае да се носи со сѐ она што е поврзано со мене. Јас сум многу едноставен човек, знам што значи да се биде она што сум и никогаш не ме понела славата“.

Таа потенцираше и дека кога некој има лошо искуство, потоа верува дека секој е лош, но дека и понатаму ќе ѝ дава шанса на љубовта.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button