Наши ѕвезди

Мијата – „жената треба да попушти за да инвестира во сексуалното здравје на мажот“

Темата е како и кога треба да одговараме: дали да се држиме до она - попаметниот попушта или молчењето е злато или сепак да одговориме жестоко.

Advertisement

Те знаат ли од партија дека си кај мене? – Му се обрати Снеже Велков на градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски откако тој рече дека на првиот час на политичките студии научил дека политиколог и политичар е исто што и криминолог и криминалец.

Досетливо, пак, Дарко Костовски дофрли: Затоа го избегнав моментот со црниот појас додавајќи дека политиколозите служат да им прават евалуација на политичарите, а тој како две во едно го хакнал системот. Инаку Дарко е всушност тренер на освојувачот на олимписокот медал во теквондо за Македонија.

Advertisement

Дарко беше ставен во уште една непредвидлива ситуација каде требаше да одговори дали ќе дозволи не соодветен човек да застане на позиција ако тој знае нешто што другите не го знаат? На што Дарко одговори дека не би се мешал во нечија судбина.

Од останатите гости Мијата одговори дека ако случајно ја види девојката на другар со друг ќе се направи дека не ја видела и ќе се држи до она – молчењето е злато, а во однос на тоа кој попушта по дома рече: „Жената треба да попушти за да инвестира во сексуалното здравје на мажот“.

А пак психологот Тиана Ивановска имаше еден жесток одговор на провокацијата од водителката: Дали психолозите продаваат магла, па рече – Ми се превртува желудников од прашањето.

Advertisement

Марио Арангеловски, кој рече дека бил и ќе остане „црна овца“ направи свое видување на тој феномен, црните овци всушност се иноваторите и оние кои создаваат нешто ново, па и Тесла бил окарактеризиран како црна овца.

Психологот го даде завршниот збор и ги оправда црните овци во семејството: Тоа се оние кои поставуваат прашања и кои сакаат да го сменат текот на работите, затоа се добра работа и не треба да се срамиме од нив тие се лидери на промените.

Во продолжение, погледнете што се случуваше во Нешто конкретно.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button