Сестрата на Тоше Проески го растажи цел Балкан со фотографијата што ја објави од својот дом
Еве како го прославува неговиот роденден
Тоше Проески беше еден од најпопуларните и најталентираните пејачи на целиот Балкан, а неговиот живот згасна на 26.години, во 2007. година, во страшна сообраќајна несреќа што се случи во Хрватска.
Неговите најблиски, како и многу негови фанови, денес делат спомени на Тоше, а се огласи и неговата сестра, Дора Проеска.
Имено, Дора сподели фотографија од роденденска торта на која со златни букви го пишува името на нејзиниот брат.
Принтскрин
На тортата има и златен крст, како и бели ангелски крилја, а во позадината стојат свеќи и неколку фотографии со Тоше. Оваа глетка што ја објави Дора од својот дом никого не остави рамнодушен, а таа ја сподели само со едно срце во црна боја.
Инстаграм/ Дора Проеска
Потсетуваме, Тоше денес би требало да го прослави својот 44 роденден, но за жал неговиот заврши во цутот на неговата младост.
Принтскрин
Тој имаше само 26 години кога се случи несреќата, но неговата скромност, хуманост и големина засекогаш ќе остане врежана во секој од нас.
Тоше отсекогаш истакнувал дека токму љубовта е она што треба да не движи сите, а неговите зборови „Не сакам да ми симнувате капа, сакам само да се гордеете со мене“ и денес живеат во сите оние што ја имаа таа чест да го познаваат овој голем музичар, но и во сите оние што го почитуваат неговото дело.
Инстаграм/ Дора Проеска
Инаку, сестрата на Тоше, Дора, денес живее во Крушево со својот сопруг Славен и нејзините синови, Кристијан и Никола Ристески.
На профилот на Дора изобилуваат фотографии посветени на нејзиниот брат, а минатата година ги растажи сите кога објави дека починал и нивниот татко, Никола Проески, 16 години по смртта на Тоше.
Фејсбук/ Дора Проеска
Таа тогаш од својот татко се прости со емотивна фотографија, на која тој е прегрнат со Тоше. Оваа фотографија е направена на еден од последните концерти на Проески.
Инстаграм/ Дора Проеска
„Светол патот татко мој“, напиша Дора тогаш на Фејсбук.