Саша Поповиќ на крајот на мај минатата година ја скрши ногата, но тоа не беше крајот на неговите здравствени проблеми, бидејќи набрзо дозна дека е тешко болен.
Здравствената состојба на Саша Поповиќ ги загрижи сите, но малку се знае за него, од што всушност боледува, бидејќи информациите за неговата здравствена состојба само повремено протекуваат во јавноста и тоа поради притисокот на српските медиуми.
Сега, близок пријател на Саша, Зоран Пејиќ Пеја, открива нешто за ситуацијата.
„Сузана е таков борец, таа дише за Сале. Таа е 24 часа дневно покрај него, додека тој спие, таа бдее над него. Се грижи за него, таа го вози“, вели пријателот на Саша за српски Свет-плус.
„Му се молам на Бога да го надмине ова. Тој е голем борец и голем човек и заслужи да го победи тоа. Се подобрува, многу е бавно, но остварливо е“ – додава Пеја.
Денес пак, повеќе српски медиуми објавија дека Саша сепак се враќа на лекување во Франција.
Во Франција, креативниот директор на Гранд добива врвна здравствена услуга, а во тимот лекари има и лекари од Србија.
„Свесен е што треба да прави и го прави тоа. Тој патува, оди во Франција, па доаѓа дома. И овде има прегледи, тука има лекари кои се грижат за него. Сега е фокусиран на своето здравје. Сите контакти во врска со „Гранд“ ги остварува преку телефон и дава директиви затоа што е сепак музички волшебник и сето тоа без него не би било тоа што е“ – нагласува пријателот на Саша, но потсетуваме дека со истата порака Пеја се огласи и пред десетина дена.