Реклама
Наши ѕвезди

Немаше ни каде да спие во Скопје, а денес сите го препознаваат кога ќе го сретнат на улица (видео)

Се уште е омилениот водител на многу домаќинки....

Реклама

Одговараше искрено на прашањата…

Нашиот познат водител овој пат се најде од спротивната страна на микрофонот и му гостуваше на својот колега Бомбакис.

Имено, Бомбакис има нов поткаст „Real CarCast“, а овој пат на жешкото „столче“ во автомобилот му седна Ване Маркоски.

Маркетинг

Ване во еден момент зборуваше за почетоците во својата кариера, кога на 19 години дошол во Скопје, па спиел на клупи.

Маркетинг
Принтскрин/ Бомбакис, Јутуб

„Дете од 19 години, дојдено само од Тетово тука, провинцијалец што би рекле многумина, спиев и на клупи, кој што немал да плати кирија бидејќи родителите не ми работеле и слично. Мислам да, многу сум успеал, сам за себе“, вели шармантниот водител.

Потсетуваме, Ване на млади години дошол во Скопје, како што самиот вели „без скршен денар“, но денес може да кажеме дека е еден од поуспешните градски ликови.

Инстаграм/ Ване Маркоски

Тој е еден од нашите најпознати телевизиски водители, а со овој искрен муабет си доби бројни лајкчиња и коментари.

Инстаграм/ Ване Маркоски

„Така е најсладок успехот“, „Браво и секоја чест на истрајноста“, „Цар си“, беа само некои од пораките што Ване ги доби од гледачите.

Инстаграм/ Ване Маркоски

Инаку, Ване се прослави додека водеше една кулинарска емисија и тогаш за кратко време ги собра симпатиите на дамите.

Инстаграм/ Ване Маркоски

Тогаш многу тетки одвај чекаа да им дојде на гости во домот и заедно со него да зготват некој вкусен рецепт, а во една пригода Ване го прашавме токму за овој период од животот, па еве што ни откри тој самиот:

„Се почна случајно, по идеја на тогашната програмска директорка во Канал 5, Марија Саздева. Ретко кој знае, но на почетокот тој проект не го сакав воопшто и целата прва сезона ја истерав со „туркање’“, изјави тогаш Ване додавајќи дека токму со оваа емисија воедно му се поврзани и најубавите спомени во неговиот живот поврзани со професијата, проект на кој ќе се сеќава додека е жив бидејќи токму оваа емисија му го одреди правецот што ќе работи понатаму.

Инстаграм/ Ване Маркоски

„Но, како што поминуваше времето, работите се променија. Многу луѓе запознав, многу рецепти. Сакам да готвам и за себе и за пријателите, но и сакам да декорирам. Правам доста интересни комбинации на наша традиционална кујна и некои модерни јадења“, ни откри тогаш Ване. На целото интервју со него може да се потсетите тука.

Инстаграм/ Ване Маркоски

Инстаграм/ Ване Маркоски

Инстаграм/ Ване Маркоски

Инстаграм/ Ване Маркоски

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button