Лорен Санчез (55), поранешна новинарка, а денес свршеница на еден од најбогатите луѓе во светот, основачот на Амазон, Џеф Безос, може да си дозволи да троши огромни суми на облека и накит, што и го прави.
Таа често се определува за тесна облека која ја истакнува фигурата и облините, а таква беше и облеката која ја носеше за инаугурација на претседателот Доналд Трамп.
Mark Zuckerberg ‘likes’ Lauren Sanchez’s Instagram photo after ‘ogling’ fiascohttps://t.co/sycSv14eAu
Маркетинг— Hindustan Times (@htTweets) January 22, 2025
Модните експерти дадоа приближна проценка на нејзиниот изглед за оваа прилика.
Лорен носеше светкаво црно фустанче без прерамки од луксузната модна марка Долче и Габана на вечерата со свеќи одржана во Националниот музеј. Според славната стилистка Аманда Меси, облеката е многу ексклузивна:
„Се чини дека фустанот е изработен по нарачка бидејќи не е достапен во колекциите на Долче и Габана, од актуелните колекции до 2023 година. Неговата приближна цена е од 15 илјади долари до 20 илјади долари“.
View this post on Instagram
Лорен го комплетираше изгледот со блескави накит од познатиот дизајнер на накит Лорејн Шварц, вклучувајќи дијамантски ѓердан во облик на круша, мрежеста нараквица, дијамантски розов прстен и дијамантски обетки.
Ирина Аран, основач на Facets Fine Jewelry, процени дека цената на накитот што го носеше во комбинација со црниот фустан е помеѓу 6 и 10 милиони долари Само розовиот пасијанс прстен чини до 2 милиони долари врз основа на необичниот дизајн, што тешко се наоѓаат на залиха.
На церемонијата на инаугурација, Санчез се појави во премногу откриена (особено се мисли на деколтето), но сепак скапа модна комбинација.
Таа носеше бел костум од Александар Меквин со топ од тантела. Овој памучен горен дел од чипка со сатенска облога се продава за 1.890 долари. Сакото чини 2.590 долари. Според описот на сакото, треба да се носи „само со градник од тантела“. Панталоните чинат 990 долари.
Лорен носеше и дијамантски обетки, чија вредност се проценува помеѓу 20.000 и 30.000 долари и нејзиниот веренички прстен од 30 карати со дијамант.
Лорен потоа се пресоблече во нежен макси фустан во нијанса на праска, од Долче и Габана, тоалета дизајнирана за балот Старлајт. Таа се украси со накит од Лорејн Шварц, која креира накит по нарачка за познати личности како Бијонсе, Блејк Лајвли и Ким Кардашијан.
View this post on Instagram
Лорен ги покажа и своите извонредни обетки со бисери.
Аманда Меси проценува дека фустанот дизајниран по нарачка, ја чинел околу 40.000 долари.
View this post on Instagram