На која температура треба да се пере постелнината – многу грешите ако ја перете на 90 или на 60 степени, еве зошто
Перењето постелнина на 90 степени може да го оштети материјалот во многу случаи.
Иако многу луѓе мислат дека 90 степени е најдобрата температура за да се ослободите од бактериите, оваа температура не ја препорачуваат експертите.
Експертот за перење на ткаенини Џејмс Хигинс вели дека постелнината треба да се пере на различни температури во зависност од околностите, но генерално е подобро да се пере на пониска температура.
„Во повеќето случаи, чаршафите, навлаките за јоргани, перничниците, воопшто постелнината, а да не зборуваме за фротирките и за ќебињата, треба да се перат на ниски температури, што може да помогне да се продолжи нивниот животен век, а истовремено да се намали количината на енергија што ја користите преку машината за перење“, вели Хигинс.
Тој посочува дека постелнината може да се пере на 60 степени само во случај ако има дамки на неа што мора да се остранат.
Во сите други случаи препорачува да ја перете на 20 степени.
Се препорачува постелнината да се пере не почесто од еднаш неделно.