Реклама
Наши ѕвезди

Македонската Гранд ѕвезда што направи свадба како во турските серии се разведува од убавата сопруга

Причината не сакаше да ја открие, но се огласи и преку социјалните мрежи

Реклама

Македонската Гранд ѕвезда Ален Хасановиќ кој гради успешна музика кариера во регионот наводно се развел од својата сопруга.

Како што објави српскиот „Ало“, пејачот наводно за овој медиум ја потврдил информацијата, но не сакал повеќе да коментира.

Но она што веќе подолго време може да се забележи на неговиот Инстаграм профил е дека фотографиите што ги имаше со својата несудена сопруга повеќе ги нема.

Маркетинг

Инстаграм/ Ален Хасановиќ

Пејачот ги има избришано и фотографиите од нивната свадба за која се пишуваше со денови, а истите ги нема ни кај неговата сопруга.

Маркетинг

Инстаграм/ Ален Хасановиќ

Потсетуваме, Ален се прослави со учеството во „Ѕвездите на Гранд“, а по шоуто сними и неколку песни за продукцијата.

Инстаграм/ Ален Хасановиќ

Тој својата сакана ја запроси пред скоро три години, и тоа на нејзиниот роденден, а веста дека ќе се жени ги изненади сите.

Инстаграм/ Ален Хасановиќ

По неколку недели направија и шеријатска венчавка за која пишуваа сите, а по некое време следуваше и гламурозна свадба.

Но минатата година сите ги изненади што романтичниот Ален не и го честиташе роденденот на својата сакана, како и тоа што пејачот го немаше никаде на роденденските фотографии што таа ги објави.

Инстаграм/ Ален Хасановиќ

Исто така тој беше сам и кога замина во Дубаи, заедно со своите пријатели, а од неговата невеста немаше ни траг ни глас.

Инстаграм/ Ален Хасановиќ

Очигледно дека тие имале проблеми во нивната врска, па решиле дека е најдобро да се разделат и да продолжат секој на своја страна.

Нивната љубовна приказна иако беше инспирација на многумина, очигледно не и беше судено да потрае подолго време.

Инстаграм/ Ален Хасановиќ

Но затоа пак сега Ален се почесто добива комплименти од понежниот пол, посебно под неговите провокативни изданија.

Инстаграм/ Ален Хасановиќ

Имено, пејачот знае одвреме-навреме да им ја заскокотка фантазијата на дамите, но и како да им го привлече вниманието.

Некои од овие негови „скокотливи“ изданија, погледнете на следната страница…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
1 2Следна страница

Поврзано

Back to top button