Тргнал да земе бугарски пасош, завршил во „Гранд“?! Македонскиот пејач што сите ги изненади
„Немам среќа со жените“, вели пејачот од Македонија што ги изненади сите во „Гранд“
Пејачот Горан Мишев (58) од Велес, познат и како Мишко, вели дека нема среќа во животот, а посебно во љубовта.
И како што вели тој самиот, досега никогаш немал среќа во љубовта и дека секогаш правел лош избор во животот.
Принтскрин/ Никогаш не е доцна
„Немам среќа со жените, секогаш правам лош избор. Оние што вределе сум ги отфрлил, а оние кои не вредеа остануваа со мене“ изјави некогашниот натпреварувач во „Никогаш не е доцна“ кој во шоуто за ветерани се пријавил тајно, а на колегите им кажал интересен изговор.
Принтскрин/ Никогаш не е доцна
Имено, како што откри Мишко пред камерите на „Гранд“, тој на колегите им кажал дека заминува во Бугарија да извади бугарски пасош.
Принтскрин/ Никогаш не е доцна
Но по учеството во „Никогаш не е доцна“ и појавувањето пред камерите, живот целосно му се менува и сега постојано му пишуваат многу жени.
Потсетуваме, Горан во популарното шоу се пријави пред три години, а во 90-те години имал свој рок бенд со кој издале два албуми.
Принтскрин/ Јутуб
Но неговата група се растура, а тој ја напушта музиката се додека повторно и тоа сосем случајно не се пријави во „Никогаш не е доцна“. Тој по учеството во шоуто сними и песна со колешка од натпреварот, Драгана Вујиновиќ Мајкиќ, а нивната песна предизвика лавина од позитивни реакции, посебно што тоа беше првиот машко-женски дует на натпреварувачи од ова шоу.
Како изгледаше Мишко во ова издание, погледнете во продолжение…