Ова е сопругата на најпознатиот и најбогатиот фолкер од Македонија – немаат деца, но би сакале да посвојат
Потекнува од едно мало место во Македонија, а денес важи за еден од најбогатите пејачи на целиот Балкан
Тие се во брак веќе речиси две децении
Познатиот фолк-пејач со потекло од Македонија веќе со години е на самиот врв на балканската музичка фолк-сцена.
Станува збор за пејачот Јашар Ахмедовски кој е роден во селото Пласница во близина на Кичево и Прилеп. Тој во родното место ќе го заврши основното образование, а ќе расте заедно со неговите четворица браќа и една сестра – Ава, Руждија, Муфит, Јашар и Ипче.
И како што самиот откри во една пригода, имал среќно детство, а потекнува од богато семејство од овие области.
Фејсбук/ Јашар Ахмедовски
Неговиот татко бил лекар, па сакал и неговиот син да се запише во медицинското средно училиште во Скопје. Но Јашар го убедил да го испрати во Сараево, каде во тоа време имало популарна и голема музичка сцена, па компромисот бил да замине во овој град, но сепак да се запише на медицина.
Тука започнуваат и првите допири на Јашар со музиката, а од 1982 година е со сопругата Снежана која е љубовта на неговиот живот.
Фејсбук/ Јашар Ахмедовски
И како што самиот истакна во една пригода, по 20 години врска тие решиле да се венчаат, најмногу затоа што, како што што тогап истакна пејачот, во медиумите најчесто ја нарекувале „невенчаната сопруга“.
Фејсбук/ Јашар Ахмедовски
„Јас не направив свадба затоа што пеев на толку многу свадби што ми здосади. Направивме само ручек“, изјави во една пригода Јашар.
Фејсбук/ Јашар Ахмедовски
Тие се запознале додека бил на турнеја со Лепа Лукиќ, а за Снежана и денес сите зборуваат дека е вистинска убавица.
Фејсбук/ Јашар Ахмедовски
Но таа многу ретко се појавува во јавност, а како што Јашар самиот вели, таа веќе одамна не сака премногу да се експонира.
Фејсбук/ Јашар Ахмедовски
Инаку, Јашар никогаш не криел дека нивна голема желба е да имаат дете, но многу пати се обиделе и секогаш неуспешно.
„Тоа ни е голема неисполнета желба. Размислувавме и за посвојување, ама кај нас тоа е многу комплициран процес“, изјави Јашар додавајќи дека се уште не се откажале од оваа идеја и дека би сакале да имаат дете.
Фејсбук/ Јашар Ахмедовски
Потсетуваме, Јашар во 1994 година остана без својот брат Ипче кој исто така беше пејач и кој загина во сообраќајна несреќа.