Додека нашите се расправаат за Мицкоски и Трамп, ова скандалозно издание беше шок и за Американците
Светот запрепастен од овој детаљ на инаугурацијата
И додека целиот свет беше фокусиран на инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, Марк Закерберг очигледно беше фокусиран на нешто друго.
Веќе и врапчињата на гранките знаат дека вчера беше инаугурацијата на Доналд Трамп, но и дека нашиот премиер беше на истата.
И додека нашите се расправаат кој и зошто го покани Христијан Мицкоски, во светот нешто друго е главна вест, односно сеирот му го прават на првиот човек на Фејсбук.
Принтскрин/ Инстаграм
Имено, на овој голем настан се појавија и многу моќни луѓе, а еден од нив беше и милијардерот Џеф Безос со неговата сопруга.
Но токму неговата сопруга, новинарката Лорен Санчез, беше прогласена за најскандалозната жена на овој настан и тоа заради нејзината провокативна модна комбинација.
Принтскрин/ Инстаграм
Целиот проблем настана откако Лорен го соблече својот бел „влакнест“ капут и покажа што носи под него.
Имено, новинарката која е позната по тоа дека покрај саканиот сака носи провокативни изданија, овој пат ги запрепасти сите.
Таа носеше бело од глава до пети, сако и панталони, но нејзиното длабоко деколте никого не остави рамнодушен.
Принтскрин/ Инстаграм
И додека нејзиниот сопруг цело време се смешкаше, во фокусот беше неговата сакана, односно нејзиното деколте.
Jeff Bezos future wife Lauren Sanchez is incredibly inappropriately dressed for a state occasion. Someone should have told her that having her white lace bra out on display is not acceptable. pic.twitter.com/MvwyvuI6R3
— Brittany Gadoury (@brittanygadoury) January 20, 2025
Тоа може да се види и од фотографијата што стана вирална, а на која покрај нејзиното деколте е и Марк Закерберг.
I would hate for this picture of Mark Zuckerberg staring down the shirt of Jeff Bezos’ fiancée Lauren Sanchez during Donald Trump’s inauguration to go viral.
Would be such a shame for Zuck. pic.twitter.com/6NCeFH2Oho
— Art Candee 🍿🥤 (@ArtCandee) January 20, 2025
Тој беше фатен како се „пули“ кон ова незгодно место, па потоа откако ја сподели фотографијата со сопругата, многумина се пошегуваа на негова сметка, коментирајќи дека сега не му „шетаат“ очите.
Инстаграм/ Марк Закерберг
Како и да е, нашиот премиер можеби не го забележа деколтето на оваа новинарка, но затоа пак се фотографираше со една друга.
Фејсбук/ Христијан Мицкоски
Станува збор за мошне познатата американска новинарка Мегин Кели, а оствари средба и со легендарниот Такер Карлсон.
Фејсбук/ Христијан Мицкоски
Па, браво за Мицкоски, ама и за сопругата на Безос која со само еден потег успеа да се најде во центарот на вниманието.
Е сега дали за убо или за лошо, ќе покаже времето…