Реклама
Наши ѕвезди

Благоја Грујовски уживаше во Италија со оваа млада Македонка. Исплива снимка што сите ги изненади

Пејачот и оваа млада дама предизвикаа силни емоции

Реклама

Благоја и Јована пееја заедно

Една од нашите најголеми фолк-ѕвезди Благоја Грујовски, заедно со младата и талентирана Јована Богданоска ги изненади сите.

Имено, Благоја на својот профил на социјалните мрежи сподели едно нивно заедничко видео снимено во Италија.

Маркетинг

Тие за празникот Богојавление имаа заеднички настап пред нашите иселеници од оваа земја, па ја искористија пригодата и заеднички во дует ја испеаја популарната македонска песна „Љубов голема“ позната и како „За многу години Македонци“.

Маркетинг
Принтскрин/ Фејсбук

Благоја и Јована со ова видео го најавија нивниот настап, па ги воодушевија и оние што немаа прилика да ги гледаат заедно.

Принтскрин/ Фејсбук

Не се сомневаме дека гостите беа воодушевени од овие наши генијални пејачи, а како тие звучат заедно, погледнете во продолжение…

Потсетуваме, младата и шармантна Јована на празникот Божиќ ја издаде својата најнова песна „Денес се роди Месија“.

Принтскрин/ Јутуб

Со оваа песна 18-годишната Јована од тетовското село Брвеница повторно ги воодушеви Македонците од целиот свет.

Принтскрин/ Јутуб

Таа иако е млада многумина веќе ја нарекуваат новата Васка Илиева, а и нејзината „Славете го Господа“ никого не остави рамнодушен..

Како звучи Јована во својата најнова песна, слушнете во продолжение…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button