Реклама
Наши ѕвезди

Зуица распеана со својата убава ќерка Македонка, но и со свекрвата – во куќата на Наум е весело секогаш!

Весело семејство...

Реклама

И нивната наследничка тргна по нивните стапки

Ќерката на Зуица Лазова и Наум Петрески, Македонка Петреска во последно време е поприлично активна на социјалните мрежи.

Нејзините родители иако живеат заедно веќе две децении, малкумина знаат дека тие на лудиот камен застанаа дури во јули 2022 година.

Маркетинг

Имено, Зуица и Наум тогаш ја овековечија нивната љубов со брак, склопија граѓански брак и се заколнаа пред Бога на вечна љубов.

Маркетинг

Ова беше вистинско изненадување за јавноста откако по неколку месеци испливаа и првите информации за нивната тајна венчавка.

Тие се венчале во Охрид, поточно во Свети Наум, а на интимната прослава што ја направиле присуствувале само најблиските.

Инстаграм/ Македонка Петреска

Инаку, круна на големата љубов на Зуица и Наум се нивните две деца – ќерката Македонка и синот Стефан.

Фејсбук

Тие и двајцата тргнаа по нивните стапки, а Македонка веќе учи на Музичката академија на отсек оперско пеење.

Таа неодамна сними и еден спот со својата позната мајка, а и нејзиниот брат исто така беше дел од овој проект.

Принтскрин/ Јутуб

Станува збор за проектот „Пет за педесет“ во кој Зуица соработуваше со целото семејство и со кој ги изненади сите.

Инстаграм/ Македонка Петреска

Таа проектот свечено го престави на својот 50-ти роденден, а во една од овие песни ја изведува и со ќерката Македонка.

Инстаграм/ Македонка Петреска

Имено, Зуица заедно со Македонка ја изведе песната „Симпатија“, додека пак заедно со сопругот и синот „Даме комита“.

Инстаграм/ Македонка Петреска

Како изгледаа наследниците на познатиот пар и во ова издание, погледнете од видеата во продолжение…

Потсетуваме, во една од овие песни Зуица пее и со својата свекрва, Анастасија Петреска, за која вели дека и е како мајка.

Станува збор за песната „Ќе ти купам широк фустан Зуице“, а како звучат и мајката и свекрвата, слушнете во продолжение.

„Искрено, презадоволна сум од тоа како помина промоцијата и роденденот, мислам и да сакавме, немаше да биде подобро. Бевме добро организирани, чувствував дека имам вистински луѓе позади себе, а секако и пред себе како гости. Сега сум конечно опуштена, задоволна и многу среќна“, изјави Зуица за Гламур магазин по промоцијата на проектот и прославата на нејзиниот роденден.

„Спомнав дека имам вистински луѓе до мене, тоа е ‘Гарски продукција’ т.е. ние сме четири дами, две мајки и две ќерки, Соња Дојчиновска-Јанаќиевска и Деспина Јанаќиевска и јас и мојата Македонка Петреска. Сите ние подолг период осмислуваме како да се одбележи овој јубилеј, додававме и одземавме идеи, надоградувавме и така стигнавме до 5 за 50“, откри тогаш познатата фолк-пејачка.

Целото интервју со Зуица прочитајте го тука >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button