Поп ѕвездата Јелена Карлеуша ги изненади своите следбеници на инстаграм-профилот откривајќи дека згаснува „Гранд продукција“.
Сакајќи или не сакајќи, таа го откри тоа преку инстаграм-приказна.
Како што наведува, Гранд продукција ќе биде згасната.
„Им се извинувам на милионите луѓе кои ме следат што овие денови се занимавав со куп пореметени несреќници и платени ботови. Им дадов повеќе внимание отколку мајка им. Но јас кога ќе престанам да се занимавам со лузери, сите тие исчезнуваат, како и секогаш.
Ја знаете мојата прочуена реченица, мртви сте без мене“ – напиша пејачката и додаде:
„Слушнавте ли дека се гаси Гранд? Да, баш ми е жал. Шолак ја продава Јунајтед груп. N1 во Хрватска веќе престана да работи, а во Србија и N1 и НоваС. “
Инаку, неодамна Карлеуша најави дека се враќа на Евровизија и дека очекува победа.