Нашата позната водителка и во шестата деценија им го поматува разумот на мажите, но и на жените
Гламурозен фустан и црвен кармин – Лила се појави и ги засени сите на Ромскиот бал во Скопје
Вчера во Александар Палас се одржа Светскиот ромски бал на кој присуствуваа бројни познати личности од регионот.
Водителката Лила Филиповска води сметка за својот изглед, па така и на 53 години изгледа фантастично, но и многу помладо.
Тоа можевме да го видиме и вчера кога на Светскиот ромски бал се појави во издание со кое никого не остави рамнодушен.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Имено, Лила е жена која редовно тренира и здраво се храни, но и постојано се негува и посетува козметички салони.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Покрај тоа за нејзиниот изглед задолжени се и гените, па таа и во шестата деценија од животот може да носи најразлични комбинации и во секоја од нив да си блеска од глава до пети.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Познатата водителка и оваа година ја водеше манифестацијата, па со својот шарм допринесе за целокупната атмосфера.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Таа уште кога се појави пред хотелот привлече внимание со своето издание, блескајќи во гламурозниот фустан.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Креацијата што ја носеше во преден план ги истакна сите нејзини атрибути, а црвениот кармин и овој пат беше задолжителен.
Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Покрај Лила, на балот се појави и Агнеса Органџиева која исто така блескаше од глава до пети во своето маслинесто издание.
Повеќе за ова издание прочитајте тука >>
Инстаграм/ Ана Бајрам
И домаќинката на настанот, Ана Бајрам, сопруга на организаторот Габриел Бајрам за оваа пригода изгледаше холувудски.
Повеќе и за изданието на Ана прочитајте тука >>
Инстаграм/ Ана Бајрам
И секако, не смееме да го заборавиме златното издание на Теа Таировиќ која со својот длабок прорез им го помати умот на сите.
Пејачката за оваа пригода носеше креација со длабок шлиц, така што нејзините голи колкови беа во преден план.
Инстаграм/ Ана Бајрам
Теа посебно го истакна своето тело со провокативниот ориентален танц, гордо покажувајќи ја својата вита линија, па со ова издание буквално направи хаос и ги воодушеви сите.
Инстаграм/ Ана Бајрам
Повеќе за Теа прочитајте тука >>
Па, која од овие комбинации ви се допаѓа најмногу?