Еве кои презгодни пејачки и водителки вечерва ќе се дотераат за Ромски бал
Габриел Бајрам ја продолжи традицијата на неговиот татко, починатиот пратеник Амди Бајрам, и веќе години наназад го организира „Светскиот ромски бал“.
Ромски бал е настан кој секоја година традиционално ги обединува љубителите на ромската култура и музика од целиот свет, а годинава го слави својот јубилеј.
Орагнизаторите на балот и годинава ветуваат „незаборавна програма со настапи на повеќе од 20 врвни музички ѕвезди од Македонија и од регионот“.
Водителка на настанот и оваа година ќе биде Лила Стојановска.
Како ѕвезди на настанот вечерва се најавени Сека Алексиќ, Ѓоко Јовиќ со Енерџи бенд, Теа Таировиќ и Адил Максутовиќ.
– Ми претставува голема чест да бидам поканет и да бидам дел од оваа манифестација која традиционално собира илјадници гости од целиот свет. Со момците од мојот „Енерџи Бенд“ ветуваме уште една одлична забава и концерт кој долго ќе се памети. Ја користам приликава да ве поканам сите да дојдете вечерва и да се дружиме таму, вели пејачот Ѓоко Јовиќ.
Инаку, по завршувањето на Ромски бал, Ѓоко Јовиќ и „Енерџи Бенд“ патуваат за соседна Бугарија каде ќе одржат голем концерт. По Бугарија, следуваат концерти и во Германија, Швајцарија, Шведска и Шпанија. Нивната агенда за 2025-та година е целосно пополнета и веќе се договараат термини за средината на 2026-та година, известуваат од бендот.
Потсетуваме, Габриел Бајрам ја продолжи традицијата на неговиот татко, починатиот пратеник Амди Бајрам, и веќе години наназад го организира „Светскиот ромски бал“.