Реклама
Вирално

Несекојдневна сцена пред ветеринарната амбуланта – улична кучка сама си го донесе своето болно кутре (видео)

Благодарение на брзата реакција на ветеринарот, кученцето преживеало и моментално се опоравува на клиниката заедно со својата мајка.

Реклама

Во истанбулската општина Бејликдузу, безбедносните камери го снимија моментот кога улична кучка носи кученце во уста до вратата на локалната ветеринарна клиника. Ветеринарот кој ја отворил вратата го пронашол кученцето кое изгледало безживотно и веднаш го внел внатре, додека кучката тргнала по него.

Кутрето добило итна помош бидејќи срцето му било со бавен ритам поради студот и било на работ на смртта.

За време на третманот, мајката кучка останала до кученцето.

Маркетинг

Благодарение на брзата реакција на ветеринарот, кученцето преживеало и моментално се опоравува на клиниката заедно со својата мајка.

Се утврдило дека ова кученце е во сродство со друго кученце кое претходно го донел некој љубител на животни, верувајќи дека тоа е единственото кутре преживеано во ѓубрето каде што кучињата биле фрлени зошто некому му пречеле што се родиле.

Маркетинг

„Мислевме дека сите во ѓубрето умреле. Се испостави дека едно кученце преживеа“, рече во интервјуто ветеринарот и сопственик на клиниката, Батуралп Оган.

„Кога нашиот техничар ја забележа ситуацијата, го внесе внатре. Сфативме дека срцето на кученцето сè уште чука. Го ставивме на интензивна нега. Моментално се опоравува заедно со неговиот брат“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Beylikdüzü Alfa Veteriner (@beylikduzu_alfa_veteriner)

Иако е тажно што останатите кученца починале, постапката на оваа кучка не само што спасила едно од нејзините кутриња туку повторно се споила со уште едно од нејзините преживеани кутриња.

Видеото стана веднаш вирално на социјалните мрежи, а луѓето коментираат дека се разнежнети од оваа кучка-мајка, водена од меморија, инстинкт, очај или комбинација од сето ова, како го донела своето кученце на ветеринар. Но има и коментари дека и наша одговорност е да им помогнеме на уличните животни.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button