Зорка Јанчева овојпат ни носи рецепт за пача. А знаете веќе, пача се подготвува денес, а традиционално се јаде утре на Богојавление Водици.
„Јас двете свински коленици ги варам со 1 главица кромид, 1 морков и 2 лажици сол.
Advertisement
Отакако ќе се свари, го одбирам само чистото мевце, го дбробам на ситни парчиња морковот што се вареше со колениците, го дробам ситно и магдоносот, му додавам и першун и три чешниња бело лукче и потоа го полевам со водата што се вареше“ – ни објаснува на наједноставен начин Зорка и додава:
„кој сака потоа може да си стави и желатин, јас ставив во мојата пача“.
Се разбира, на крајот, оставете ја пачата убаво да се излади на студено.
Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .