Рецепти

Ние ги обожаваме, странците сакаат да ги пробаат – ќе се изненадите кои се 10 најлоши јадења од нашата земја на новата светска листа

„Тејст Атлас“ ја објави листата на 10 најслабо рангирани македонски јадења. Човек да се зачуди како е можно, баш највкусните (барем за нас).

Реклама
Реклама

Реномираната платформа „Тејст Атлас“ ја објави листата на најслабо рангирани, односно најлоши јадења, на светско ниво, а секако на неа се најде и Македонија со своите специјалитети.

Сигурни сме дека ќе се изненадите, ама на оваа топ 10 листа се најдоа јадењата кои ние, Македонците, толку многу си ги сакаме.

Еве кои наши специјалитети се на оваа листа – кукурек (односно цревца), симит погача, компир манџа, чомлек, макало, ширден, качамак, ѓомлезе, козињак и слатко од диви смокви.

Маркетинг

Но, ако е за утеха, соседна Србија на оваа „лоша“ листа се најде со 13 српски специјалитети, кои ние од регионот ги обожаваме.

На пример, најлошо рангирани српски јадења се пача, лесковачка кавурма, шкембе чорба, попара, грав, ролат со мак, српска салата, (полу)жива плескавица, јуфки со мак, рибја чорба…

Маркетинг

Од турската кујна, која е исто така популарна и кај нас, рангирани се дури 63 „најлоши“ јадења меѓу кои турлитава, печена јагнешка глава, манџа од бамии, шкембе чорба, ќофте во сос, локум, суџук, шеќерпаре, баклава со вишни, раванија, пилав со модар патлиџан, тулумба, полнети тиквици и други.

 

 

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button