Веста доаѓа од Атланта – и веднаш се прошири ширум светот – 76-годишна жена стана вирална откако на социјалните мрежи беше споделено видео од моментот кога лекарот ѝ кажува дека е бремена веќе 12 недели.
Жената била претходно хоспитализирана во болница бидејќи имала симптоми на вртоглавица, а нејзиното семејство тоа го поврзувало со нивото на шеќер во крвта.
Видеото на кое докторот ѝ ја открива неочекуваната вест на постарата жена веднаш стана вирално, а го споделила правнуката на постарата жена, Мија, која всушност ја снимила реакцијата на нејзината прабаба на откритието на медицинскиот персонал:
„Ги добивме резултатите од вашата урина и дефинитивно сте бремена“.
Моментот е урнебесен бидејќи докторот потоа ја прашува старицата дали имала секс неодамна, на што жената одговара „не, неее..“.
Иако се гледа дека е шокирана од веста, бабата одлучила да го задржи бебето и да ја издржи целата бременост.
WHOS GRANDMA IS THIS????? 😭😭😭😭😭😭 https://t.co/xg7Q8fcSob
— R 🌌 (@romarikanu) January 13, 2025
Доколку бременоста на старата жена успешно заврши, нешто што не може однапред да се знае, таа би станала најстарата мајка во историјата, бидејќи би го соборила рекордот на Индијката Ерамати Мангама, која во 2019 година на 73-годишна возраст направи ин витро оплодување и како резултат на тоа родила близнаци со царски рез.
Erramatti Mangamma is currently the oldest living person to give birth. She achieved this feat in 2019, giving birth to twin girls at the age of 73, after being conceived through the process of in-vitro fertilisation via C-section. pic.twitter.com/CoedEHvl8c
— Bad Spit (@BadSpit) May 28, 2023
Видеото за бремената бабичка веќе собра повеќе од 40 милиони прегледи за четири дена и бројот продолжува да расте.