Во Скопје од неодмана е отвоен нов локал кој привлече огромно внимание, прво на социјалните мрежи, а потоа и во градот. Трендот со компирчиња пристигна и кај нас!
МаркетингView this post on Instagram
Маркетинг
Се работи за сендвичарата „Жешко компирче“. Ако сте слушнале за популарниот тренд оброци со печен компир прелиени со различни сосови којшто е многу популарен надвор, а сакате да го пробате и ако обожавате компирчиња, тогаш ова ќе ви стане омилено место.
Зошто се толку посебни?
Прво, затоа што имаат уникатни оброци, ваков начин на подготовка нема да најдете никаде. Второ, затоа што цените им се „смешни“. За 200 денари имате голема порција оброк што ќе ве најаде многу. Трето, имаат одлични промоции.
Основата на оброците е печениот компирот кој се сервира со лушпа. Над расечениот компир се става месо со сос по желба. Има различни видови, мелено месо, пилешко во кари… Посебен шмек даваат додатоците кисели краставички, шери, маслинки…
Ние не останавме покуси и вчера за ручек на пауза од работа отидовме да го најдеме ова место. Се наоѓат во близина на студентскиот дом „Кузман“ во Центар.
View this post on Instagram
Нашиот избор беше, едната порција со бургер сос, а втората пилешко во кари.
Ова не чинеше 450 денари.
Бидејќи е студенто не јадевме таму, а имаат убаво дворче со поставени маси надвор, но тоа во некоја следна прилика на сончев ден.
Каков ни е впечатокот за храната?
Чиста петка! Наш совет јадете го додека е топло, затоа што потоа се губи вкусот. Додатоците како кисели краставички, шери домат, маслинките… даваат посебен шмек, така што препорачуваме да ги имате.
Да не заборавам дека имаат многу кул промоција. Со купен оброк од над 200 денари добивате купонче, а со пет собрани купончиња добивате порција гратис.
Трк до „Жешко компирче“ и нека ви е на здравје!
View this post on Instagram