Конечно откриено што прави Саша Поповиќ?! Марија Шерифовиќ ги изненади сите со нејзината изјава
Шерифовиќ не можеше, а да не го искоментира однесувањето на водителот Воја Недељковиќ
Саша Поповиќ и покрај тоа што не е присутен на снимањето на „Ѕвездите на Гранд“, тој се уште ги носи клучните одлуки.
Ова досега многу пати сите го истакнале, како и самиот Воја Недељковиќ кој и во последната емисија тоа го потенцираше.
„Ќе чекаме Саша да ја донесе одлуката и решението, но и што треба да правиме“ изјави Воја во текот на емисијата држејќи го телефонот во рацете, додека Марија Шерифовиќ не можеше да се воздржи, па реши да се пошегува на негова сметка.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
„Па, ќе биде ли тоа денес? Додека Сале седи во бадемантил, пуши томпус, пие кафе, ние ќе чекаме. Па ќе боцне од тортата, малку чај, ммм…“ се пошегува Марија Шерифовиќ во последната емисија од шоуто.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Потсетуваме, претходната сабота заврши првиот круг од „Ѕвездите на Гранд“, по што следуваат дуели меѓу кандидатите.
И како и во претходните сезони, менторите седат покрај Воја Недељковиќ од каде ќе ја следат ситуацијата, а останатите гласаат.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Воја во последната емисија ги објасни и новите правила во врска со гласањето, така што секој член од жирито ќе може да гласа за еден, двајцата или за ниеден од натпреварувачите.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Исто така гласот што ќе го даде ќе може и да го повлече, а кандидатите со нула гласови директно испаѓаат, додека оние со шест директно преминуваат во следниот круг.
Во ситуацијата кога резултатот е 5:1 или 5:5 продукцијата има право да даде уште еден глас, а тој глас го дава Поповиќ, изјави Воја.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
„Тој не гледа и следи сé, со нас и кога не е физички тука, има увид во сé, и во сликата и во тонот, како кој пее, изгледа и како кој гласа. Јас ќе бидам неговиот ПР во овој случај, ќе гласам како тој каже“, откри Воја.
Бонус видео
Баба Вањга му прдвидела смрт на Саша Поповиќ?!