Потресна исповед на писателката Ведрана Рудан – „умирам, поминав низ пекол, ни прва ни последна…“
Ѝ соопшти на јавноста дека умира, дека минува низ пекол, но дека се променила. Цел регион со коментари со поддршка за хрватската писателка.
Писателката Ведрана Рудан на својата страница Рудан.инфо објави текст за нејзината борба со ракот и луѓето што ги сретнала во болница за време на лечењето. Пренесуваме дел од потресниот текст на Ведрана.
„Умирам. Не е фер ова да се пишува кога имаш онколог, доктор Г. се вика, не смеам да му го споменам презимето. Штета. Се вика како мојата најдрага рипка.
Затоа што мислам дека умирам, ете, Г, се исправувам, сакам да бидам поблиску до мојот сопруг. Се ушушкав во него. Гледавме избори.
Конечно го сфатив она што мене, слепа, со години ми боде очи. Пленковиќ е едноставно глуп човек. Глуп во најбаналниот смисол.
Неодамна прочитав дека во Кина се произведува 30% од количината на светските домати. Ги берат луѓе во синџири. Ми паднаа на памет додека ги гледав новинарите како му ги држат крушките под нос и помислив како на кинеските робови работата им е полесна и со поголема фантазија.
Како е да се спознае дека си смртен, дека ти отчукуваат послените часови, дека имаш посебно редок рак кој не простува никому?
Ми ја срушија тезата дека нема добри луѓе
Еден од чекорите е влез во онколошката дневна амбуланта во Риека. Штета што многумина од вас сепак никогаш нема да влезат таму, а документарци се снимаат на други теми.
Луѓето кои таму ги сретнав ја срушија мојата теза дека нема добри луѓе. Толку емпатија, љубов, насмевки, нежност, зборувам за млади луѓе кои работат таму, во живот немам толку сретнато и тоа сознание ми го брише стравот од смртта.
Цел живот мислев дека е тешко да се најде добар човек, сега знам дека ги има, дека се близу нас. Не, не, не, не се тие такви кон мене затоа што јас сум Некој, јас знам дека не сум Никој, но некои така не мислат. Кон сите пациенти се исти.
На болните на хемотерапија вените им се лесто скриени, заморни од убоди бегаат од игла. Тогаш им приоѓа сестра па тапка по нив, па ги теши – „налути се на мене, покажи го тоа, ајде, па после нема да те тапкам“. Вената се предава, иглата влегува, течноста поаѓа. Течност која многумина ќе врати во живот.
Сите добиваме и ужинка. Не знам дали некогаш со такво задоволство сум изела сендвич и испила кефир, како на минатата хемотерапија. Луѓето се менуваат, момчињата и девојките се смејат, без брзање и нервози во нас буткаат живот.
После шест часа стануваш од фотелја, уште не се нашол донатор кој би ни подарил нови, заминуваш дома и чекаш.
Средбата со овие луѓе ми ја врати верата во животот
Поминав пекол, ни прва ни последна и завршив на Онкологија. Инфузии, огромни количини лекови, околу тебе тешко болни, а медицинските сестри, домаќинките, лекарите буквално паѓаат зашто ритамот е убиствен…
Таму не влегуваат те-ве екипи, нема репортажи, не се зборува колку е добра храната, колку пати во единица време се сменила постелината на пациентите, како никој не се жали на платата, на статусот, на шефовите, на работата. Нормален човек тоа нема да го издржи ни еден час.
Некои сестри таму работат триесет години. Со насмевка, дотерани, нашминкани, утешуваат, храбрат. Лекарите и лекарките човек може да ги стави наместо мелем на раната.
На некој первезен начин мило ми е што имам рак. Средбата со сите овие луѓе ми ја врати верата во живот. Токму сега кога го губам. За мене и за мојата душа подобро кога било отколку никогаш.
Ете, морав ова да ви го напишам на вас, здравите, кои имате тековни проблеми, кои гледате избори, кои мислите дека животите ви се промашени и дека светот е долина на солзи. Можеби е, додека си здрав.
Кога си смртно болен, опкружен со добри луѓе, околу тебе блескаат силни бои, срцето ти е полно и на некој начин сфаќаш дека можеби и ти си добар кога толку добри луѓе се грижат за тебе“ – пишува Рудан.
Лавина коментари со поддршка
Откако го објави потресниот текст, на официјалната страница на Фејсбук на Ведрана Рудан, пристигнуваат илјадници пораки со поддршка и желби за оздравување.
Многумина напишаа дека ги расплакала со тоа што го напишала, а огромен број луѓе од целиот регион ѝ даваат поддршка да истрае во борбата.