Реклама
Наши ѕвезди

Ем глас ем стас – Жаклина направи спот за новата песна (видео)

Каква спојка- Николче Мицевски, Борче Нечовски и Жаклина Маркоски, уживајте во „Кај што тече Вардарот”

Реклама

Сѐ уште се свежи сеќавањата од настапот на минатогодишниот фестивал „Прилеп Фолк-Фест” на нашинката Жаклина Маркоски која веќе долги години живее во Америка, а која пред домашната публика се претстави со одличната композиција „Кај што тече Вардарот”.

Станува збор за песна создадена од нашите истакнати композитори Николче Мицевски, кој се потпишува како автор на музиката и аранжманот, додека пак текстот е дело на познатиот Борче Нечовски.

фото-приватна архива

Остана забележан настапот на Жаклина на фестивалот, а песната доби доста позитивни критики. Токму поради тоа таа реши оваа нејзина песна да биде и екранизирана, па по тој повод сними и одличен видеоспот.

Маркетинг
фото-приватна архива

Маркоски новиот спот го промовираше пред неколку дена, односно на еден од нашите најубави празници – Бадник.

фото-приватна архива

Таа напиша и неколку емотивни реченици на објавата која ви ја пренесуваме во целост:

Маркетинг

„Почитувани пријатели и љубители на македонската народна песна, најпрво да ви ги честитам новогодишните и божиќните празници. Ви посакувам многу здравје, љубов, слога и спокој во вашите души. Чест ми е да го најавам мојот најнов музички проект на кој работевме подолг период со моите соработници. Уште едно инзвонредно музичко дело на нашиот маестро- Николче Мицевски во соработка со Борче Нечовски!”

Жаклина не застанува тука, напротив таа со својот тим веќе се подготвуваат за новиот проект, за кој сме сигурни дека ќе биде уште едно музичко ремек-дело.

Сега уживајте во “Кај што тече Вардарот”:

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button