Пред две години му роди машко, а сега и женско дете – македонскиот пејач никогаш не бил посреќен
Неколку детали од породувањето на убавата планинарка
Откако во јуни 2023 година го роди првото дете, нашата позната планинарка повторно се оствари во улога на мајка.
Станува збор за планинарката Ирина Дишовска која е во брак со пејачот Павле Камилоски со кого сега го добија нивното второ дете.
Имено, тие во јуни 2023 година го добија синот Јосиф, а сега во нивното семејство пристигна и принцезичката Лена.
Инстаграм/ Ирина Дишовска
Оваа вест ги израдува најблиските, но и пријателите, па гордата мама цело време добива честитки на социјалните мрежи.
На Ирина и честиташе и нејзината пријателка, поранешната кошаркарка Едина Муса која исто така очекува принова.
Инстаграм/ Ирина Дишовска
„Лена конено ја дочекавме, нека ни е жива и здрава. И мама заедно со неа“, напиша Едина во честитката до Ирина.
Инстаграм/ Ирина Дишовска
Преубавата вест ја сподели и среќниот татко Павле кој исто така доби голем број честитки од своите пријатели.
Инстаграм/ Ирина Дишовска
Потсетуваме, Ирина и Павле прв пат во улога на родители се остарија во јуни 2023 година кога го добија синот Јосиф.
Инстаграм/ Ирина Дишовска
Пејачот и планинарката се венчаа на 24.02.2023, а направија голема свадба со многу гости.
Инстаграм/ Ирина Дишовска
Ирина и тогаш и сега за време на бременоста беше активна, а неодамна сподели и фотки од Водно во 42-та недела од бременоста.
Тогаш таа одговори и на неколку прашања од нејзините фанови, кога откри дека и овој пат планира да се породи во ГАК, како и со Јосиф.
Инстаграм/ Ирина Дишовска
Како изгледаше Ирина и во текот на минатата бременост, но и само два месеци потоа, без грам вишок и без стрии, кога сите ги изненади со фотографиите на кои позираше во костим за капење, погледнете од фотографиите што следуваат во продолжение…