Политичарот Илија Димовски, порано беше често на ТВ -екраните, во последно време ретко да го начекаме на некој телевизиски канал, но кога е гостин секогаш го задржува вниманието со своите ставови, размислувања….
Димовски е правник по вокација, екс-пратеник во Собранието, долгогодишен член на партијата ВМРО-ДПМНЕ.
Неодамна беше гостин во емисијата „Заспиј ако можеш“, кај новинарот Драган Милосавлевиќ.
Илија во емисијата раскажа за една животна приказна, која привлече огромно внимение во јавноста:
– Ми пријде еден возрасен човек десетина години постар од мене, ми зборува тешко, но на архаичен македонски јазик. Ми кажа дека е од по потекло од Птолемаида, по татко, а дека е роден во Австралија. Македнски почнал да учи пред неколку години, затоа што дотогаш мислел дека е Грк. Татко им ги учел да одат во грчки училишта и во тој дух, но во еден клучен момент од животот им кажал дека се Македонци – вели Димовски.
Погледнете го целото видео каде што раскажува за оваа приказна.
@ilija.dimovski
Коментарите се поделени, некои велат дека лаже, некои пак се воодушевени од оваа приказна.