Македонски пејач ги освои сите во шоуто на „Гранд“ – од продавач на весници, до омилен пејач на публиката
Миленикот на публиката повторно ги воодушеви сите
И овој пат никого не остави рамнодушен
Македонски пејач со адреса на живеење во Словенија ги воодушеви сите со својот настап во „Никогаш не е доцна“.
Станува збор за шармантниот Мирослав Тодосовски Миро (48) кој и овој пат ги освои сите како со својот беспрекорен глас, така и со ставот и харизмата што ги поседува.
Тој не крие дека досега се занимавал со најразлични работи за да преживее, а има настапувано со најголемите ѕвезди во регионот.
Притскрин/ Јутуб, Никогаш не е доцна
Миро публиката ја освои и со својата љубовна приказна – заљубен е во 12 години помлада девојка, убава поранешна тенисерка од Словенија со која планираат да се остварат во улога на родители.
Притскрин/ Јутуб, Никогаш не е доцна
„Ќе одиме и на вонтелесно оплодување ако треба, навистина сакаме да имаме дете“, откри Миро во емисијата.
Притскрин/ Јутуб, Никогаш не е доцна
Тој со својот настап ги освои сите, а овој пат покрај водителот Жика Јакшиќ беа неговите пријатели од Словенија.
Притскрин/ Јутуб, Никогаш не е доцна
Инаку, Миро и поранешната тенисерка се заедно скоро една деценија, а живеат заедно уште од првиот ден.
Притскрин/ Јутуб, Никогаш не е доцна
Миро е крие дека во животот покрај музиката се занимавал со сė и сешто, а во првиот круг од емисијата изјави:
„Работев како келнер, на мене никогаш ништо не ми било тешко нешто да работам, продавав и весници на семафори. Првиот настап го имав некаде во 93-та година“, откри Миро по својот прв настап во популарото шоу.