Водителот Давид Давидивски стана популарен за јавноста по својата автентичност како во изгледот така и во начинот на водење на емисиите. Давид е автор и водител на емисијата „Ти реков, ми рече„ кадешто продефилираа бројни познати личности.
Со својата контроверзност, провокативно облекување, прашања без влакна на јазикот кои многупати ги оставаа гостите без зборови во уста, Давид не излезе од уста низ чаршиските муабети.
Еден ден ќе станам претседател на МАКЕДОНИЈА – интервју со водителот ДАВИД ДАВИДОВСКИ
Дел го осудуваат, критикуваат, обвинуваат, дел пак го обожаваат.
Често ќе сретнете коментари дека Давид е геј и покрај тоа што тој многу пати го кажал спротивното , дури и во инервју за нашиот медиум еднаш рече дека „сака повозрасни девојки од него“.
View this post on Instagram
Неодамна Гламур улови на Тикток видео од неколку секунди каде што се гледа како Давид е во прегратки на русокоса девојка и како се бакнуваат.
Дали е водителот е во љубовна врска? Го прашавме директно и еве го неговиот одговор:
– Станува збор за моја поранешна девојка. 25- годишна манекенка, која сака да биде популарна. По нашето раскинување дознав дека се има таа додворувано на многу наши познати јавни личности. Се запознавме во диско, таа дојде да се слика со мене, потоа се гледавме повремено и таа имаше цел да стане позната… Емоциите мои кон неа не беа на тој голем степен за да ја задржам за девојка, па затоа и ја завршив таа врска. Се беше нормално и мирно, но ете сега го објавила тоа видео на кое сме малце поинтимни, веднаш кога дознав ја барав и ја замолив да го избрише. Доста ми е од вакви девојки кои се прават за одредена цел или корист! Искрено по ова видео не се чуствувам посрамен, не се ни чуствувам како Северина, се чуствувам онака искористено…
View this post on Instagram
Тој вели дека не се срами што видеото го виделе многу луѓе, но го лути тоа што не го прашала и го објавила без негова согласност.
– По ова видео не сум посрамен, не се чувствувам како Северина, само се чувствувам искористено, вели Давид.