Celebrity

Гори куќата во која почина ѕвездата на „Пријатели“, Метју Пери – славната личност што ја купи се „усреќи“ (фото)

Пред околу три месеци, куќата со четири спални соби и пет бањи беше продадена за 8,5 милиони долари на нејзиниот нов сопственик, инвеститорката Анита Верма-Лалијан.

Advertisement

Домот во кој почина една од ѕвездите на хит серијата Пријатели, Метју Пери, може да изгори до темел зафатена од огромниот шумски пожар во Лос Анџелес.

Според Realtor.com, вчера, на 8 јануари 2025 година, пожарот ја зафатил и оваа куќа, а соседите споделија снимка на Интернет.

Advertisement

Пред околу три месеци, куќата со четири спални соби и пет бањи беше продадена за 8,5 милиони долари на нејзиниот нов сопственик, познатата богаташка – инвеститорката Анита Верма-Лалијан.

Пожарот во северниот дел на Лос Анџелес веќе уништи околу 1.000 домови. Десетици илјади жители сега мора да се евакуираат.

Иако не е јасно дали сосема изгорела поранешната куќа на ѕвездата на „Пријатели“, мапата покажува дека областа е во „периметарот на инцидентот“.

Верма-Лалијан на Инстаграм изјави дека таа и нејзиното семејство се „безбедни“, но не даде никакви информации за состојбата на домот.

Таа го купи замокот на Метју Пери во октомври 2024 година, една година по трагичната смрт на актерот.

Потсетуваме, ѕвездата на „Пријатели“ беше пронајден мртов во џакузи на 28 октомври 2023 година, на 54-годишна возраст.

Метју Пери првично го купил домот, кој се наоѓа на ридот со поглед на океанот, во 2020 година за 6 милиони долари. Пред неговата смрт, Пери целосно го реновирал имотот, заменувајќи ги светлите дабови подови со потемно дрво и мебел во бохо-стил со многу посветли бои.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button