Кога зимата доаѓа, таа со неа носи и предизвици за нашето здравје. Но, не дозволувајте да ве изненади! Со правилната грижа за вашиот имунитет, можете да се чувствувате силно и добро, дури и во најстудените денови.
Витамините и минералите играат есенцијална улога во подобрување на функциите на нашето тело во текот на целата година. Поготово во зимскиот период на имунолошкиот систем му е потребна посилна поддршка. А, благодарение на додатоците во исхрана, во интензивни и стресни ситуации можеме да го снабдиме телото со потребните витамини и минерали. Додатоците во исхрана се наоѓаат во разни облици, како капсули, таблети, шумливи таблети и тн. Дел од понудата во dm на додатоци во исхрана можете да погледнете во продолжение. Тука, посебно би сакале да ја истакнеме dm марката Mivolis, која нуди докажан германски квалитет по поволни цени.
Mivolis Омега- 3 капсули
Омега 3 капсулите се додаток во исхрана кој содржи масло од морска риба, кое е богато со најзаситените Омега-3 масни киселини, посебно со двете есенцијални масни киселини – EPA и DHA. Тие придонесуваат за нормална функција на срцето. Омега-3 капсулите содржат најмалку 260 мг масни киселини по капсула, а исто така и витамин Е, што придонесува за заштита на ќелиите од оксидативен стрес.
Mivolis витамин Ц во прав
Додадете малку сјај во зимската рутина со овој прав. Mivolis витаминот Ц во прав е дополнителен извор на витамин Ц во исхраната. Витаминот Ц придонесува за заштита на ќелиите од оксидативен стрес и нормална функција на имунолошкиот систем. Покрај тоа, овој витамин придонесува и за нормално создавање на колагенот за нормална функција на забите и непцата, коските, кожата и крвните садови. Витаминот Ц ја подобрува и апсорпцијата на железо.
Mivolis магнезиум + калиум кесички
Не заборавајте на важноста на минералите! Mivolis магнезиум + калиум кесичките оптимално го снабдуваат телото со хранливи минерали и имаат пријатен вкус на цреша. Магнезиумот придонесува за рамнотежа на елетролити, нормална функција на мускулите и нервниот систем. Балансираниот внес на магнезиум помага во одржување на нормални коски и заби. Освен тоа, придонесува и за нормален енергетски метаболизам, намалување на уморот и исцрпеноста. Калиумот придонесува за одржување на нормален крвен притисок и нормално функционирање на мускулите и нервниот систем. Двата минерала се оптимален додаток во исхраната, особено при интензивна физичка активност или во стресни ситуации. Уживајте во сите зимски активности без грижи!
Зимата може да биде предизвик, но со Mivolis вашиот имунитет ќе биде подготвен за сѐ! Дозволете им на овие додатоци во исхраната да ви помогнат да се чувствувате силно, здраво и подготвено за секој нов ден. Вложете во своето здравје и нека зимата биде време на благосостојба и радост!