Во пресрет на големиот христијански празник Божиќ, вечерва дел од православните христијани – особено по скопска традиција – „вртеа“ посно лепче или погача (други пак, кршат погача за Василица).
Лепче, односно пита, вечерва се кршеше и во домот на Џина Папас Џокси и – паричката е кај него.
„Ете редот и мене ми дојде. Сите оние години додека Евгенија растеше, знаете, нели, парчкита паѓа кај детето, а бидејќи оваа година нам ни треба повеќе здравје и среќа, на добро тргна, па ќе видиме како ќе заврши. СРЕЌНО НА СИТЕ!“ – напиша Џокси на својата фејсбук-страничка и сподели фотографии од свечениот адет.
Инаку, Џокси подготвува нов албум кој ќе содржи негова музика и поезија од македонски автори од старата гарда и од современите македонски поети/поетеси.
Едвај го чекаме албумот, а штом и паричката е тука, несомнено ќе го биде.