Јордан Митев со ќеркичата во рацете оди на Коледе – емотивни моменти што немаат цена (фото)
Идилични фотографии од профилот на познатиот пејач
Прекрасна мала принцезичка
Пејачот Јордан Митев важи за една од нашите најголеми фолк-ѕвезди кој својата кариера ја има изградено исклучиво со својот талент.
Тој е во среќен брак со неговата партнерка Славица и својот приватен живот го чува далеку од очите на јавноста.
Но пејачот сега во пресрет на големиот христијански празник реши да покаже како изгледа неговата ќерка Кристина.
Фејсбук/ Јордан Митев
Имено, Јордан и Славица минатиот октомври се остварија во улога на родители кога им се роди нивното прво дете.
Пејачот оттогаш ужива во родителството и се топи во прегратките на ќерката не криејќи колку татковството го исполнува.
И токму затоа тој и сподели неколку емотивни фотографии на кои во главна улога е токму неговата мала принцезичка и со истите им го честиташе празникот на сите.
Фејсбук/ Јордан Митев
На една од фотографиите Јордан ја држи Кристина во рацете, и двајцата подготвени да тргнат на Коледе кај најблиските и комшиите, додека на втората фотографија е и сопругата Славица.
Фејсбук/ Јордан Митев
„Одиме на Коледе, за многу години Македонци“, напиша Јордан Митев под оваа фотографија и ги воодушеви своите верни фанови.
Фејсбук/ Јордан Митев
Потсетуваме, Јордан и неговата сопруга неколку години не можеа да имаат деца, така што и двајцата беа пресреќни кога Славица остана во блажена состојба, а среќната вест дека ќе се остварат во улога на родители пејачот најпрво ја откри во интервју за Гламур магазин кога ги израдува нашите читатели со наша вест.
„Наскоро јас и мојата сопруга ќе станеме родители“, ни откри тогаш Јордан, пресреќен и возбуден што ќе стане татко.
„После многу турбуленции и многу други приватни работи кои за сега деталите ќе ги задржам за себе, конечно очекуваме да не огрее сонце кое ќе донесе радост. Така да наскоро ќе бидам татко, тоа е убава вест“, откри тогаш Јордан ексклузивно за Гламур.
На ова интервју со Јордан потсетете се тука…