Идеи за празничен подарок – преубави уникатни парчиња на Новогодишниот базар во ГТЦ (фото)
Катарина Дода овие денови го претставува својот уникатен филигран на Базарот што се одржува на приземјето во Градски трговски центар. Базарот ќе трае до вторник, 31 декември. Ќе може да се израдувате себеси и најблиските со уникатни подароци, изработени со многу љубов и внимание.
Скопјанката Катарина Дода се занимава со изработка на филигрански накит. Нејзината приказна започнала пред петнаесет години, кога одлучила да го продолжи семејниот занает и традиција, и основала сопствена работилница.
„Филигранството е уметност која дава неограничени можности да ја искажете својата креативност. Целиот процес се изработува рачно, на ист начин како што работеле и нашите предци, стотици години наназад. Секое парче е уникатно, посебно, и не е возможно да се изработат две исти парчиња накит. Уникатноста дава посебно чувство, ве издвојува од секојдневието“ – вели Катарина.
Таа одбрала интересен начин на претставување на нејзината занаетчиска уметност.
Освен што изложува во Македонија, Катарина Дода се претставува и на фестивали за заштита на старите занаети насекаде низ светот, изложувала во САД, Аргентина, Оман, Узбекистан, Турција, Порторико. Собрала и многу награди за најдобро изработен дизајнерски накит.
Катарина овие денови го претставува својот уникатен филигран на Базарот што се одржува на приземјето во Градски трговски центар. Базарот ќе трае до вторник, 31 декември. Ќе може да се израдувате себеси и најблиските со уникатни подароци, изработени со многу љубов и внимане.
На Базарот се изложени креативни производи со уметнички дизајн, од плетени играчки, уметнички слики, уникатен накит од сребро, епоксидна смола, кристали, филигран, полудраги камења, до персонализирани подароци, шолји и планери со интересни пораки, рачно насликани стаклени поризводи…
Секој може да си најде по нешто за своја душа.
Зад новогодишните штандови стојат бројни креативци, меѓу кои е и Катарина Дода со својот филигран.