Пејачот Јордан Митев е голем верник, средбата со архиепископ беше посебен момент за него
Пејачот ги изненади сите со фотографијата
Му беше чест што имаше прилика да се слика со него
Познатиот македонски фолк-пејач Јордан Митев на својот Фејсбук објави една интересна фотографија која ги изненади сите.
Имено, една од најголемите македонски фолк-ѕвезди се сликаше со архиепископ охридски и македонски г.г. Стефан.
Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан, напиша Јордан под заедничката фотографија.
Инаку, Јордан е познат како голем верник и човек кој ја почитува нашата култура и традиција, а со неговото творештво ја збогатува ризницата на народната македонска музика со преубави песни.
Фејсбук/ Јордан Митев
Повеќе од очигледно е дека му беше голема чест што се сретнал со г.г. Стефан, посебно во овој претпразничен период.
Потсетуваме, Јордан Митев пред неколку недели го прослави првиот роденден на својата ќерка на која и даде убаво христијанско име.
Фејсбук/ Јордан Митев
Имено, тој и неговата сопруга за нивната наследничка го избраа името Кристина, а во една пригода Јордан за Гламур ќе изјави:
„Името Кристина беше повеќе желба на сопругата бидејќи кога ја крстиле Славица тоа било избор на нејзините родители, а во предлозите за нејзино име било и името Кристина. Почувствував дека на некој начин тоа и било голема желба бидејќи знаеше така од време на време да ми го спомне името Кристина. Затоа сакав да и се исполни желбата. Секако и за мене тоа е убаво женско име со големо христијанско значење“, вели Јордан за својата ќеркичка.
Фејсбук/ Јордан Митев
Целото интервју со Јордан прочитајте го тука...