Ова е семејната куќа на Алачки во убавото Владимирово – поглед вреден милион долари и камин за уживање
На ова место секогаш се чувствува најубаво
Познатиот хармоникаш вилата си ја уредил според сопствените желби и мерки, па сега секое слободно време го минува тука
Познатиот хармоникаш Горан Алачки на социјалните мрежи понекогаш знае да ја покаже својата родна куќа во Владимирово.
Всушност станува збор за куќата во која е роден неговиот татко, Благој Алачки, а веднаш до неа тој направи и културен центар.
Фејсбук/ Горан Алачки
Тој вo родното место на неговиот татко следната година ќе го организира и Фолк-фест Владимириво, а како што самиот се пофали деновиве, за фестивалот во Владимирово слушнале и на Малдивите.
Имено, тој сподели една фотографија од Малдивите каде беше со неговата партнерка, поранешната водителка Марина Дојчиновска. На фотографијата се гледа и плакатот од фестивалот на кој треба да настапат бројни познати македонски фолк-пејачки, а меѓу нив Благоја Грујовски, Ленче и Горан Кукиќ, Зуица Лазова, Наум Петрески, Нино Величковски и многу други.
Фејсбук/ Горан Алачки
Инаку, токму Марина во една пригода ни откри неколку детали во врска со куќата на Алачки во прекрасното Владимириво.
Фејсбук/ Горан Алачки
И како што ни откри тoгаш Марина, Горан направил преубав камин, па сега тие уживаат да го гледаат снегот од ова место.
Тие минатиот декември на ова место го прославиле и нејзиниот роденден, заедно со уште многу други пријатели и драги луѓе, но секако, и со трубачи, зурли и тапани, до доцните ноќни часови.
Фејсбук/ Горан Алачки
И кога нема посебен повод куќата е полна со гости, ни откри тогаш Марина, па го додаде и следново:
„Често ни доаѓаат и роднините и соседите на Горан, на кафе и по една-две од сливовата ракија, која ја прават за своја душа“, вели Марина.
„За Малешевскиот мед и компирот од тој крај, веќе се знае дека е најдобар. Но, кога станува збор за сирење – е тука има различни мислења за тоа дали е поубаво беровското или гарското“, се пошегува Марина алудирајќи на својот роден крај, живописното село Гари, од каде потекнува нејзиниот татко.
Фејсбук/ Горан Алачки
Што се однесува пак до културниот центар што Горан го има изградено во родното место на неговиот татко, тој вели:
„Со Културниот центар, кој го изградив веднаш до куќата каде што е роден татко ми, сакав да ја продолжам таа семејна историја и во него да ги сместам сите културни настани и збиднувања што ќе ги вратат во живот заборавените дедови огништа и ќе создадат нови вредности“.
Фејсбук/ Горан Алачки
„Не само спој на музиката и природата, туку и симбиоза на старото и новото, на традицијата и современието“.
Фејсбук/ Горан Алачки
„Културниот центар Алачки има три сегменти на делување-едукација, обединување и потсетување. Сите признанија, благодарници и спомени од долгогодишните ангажмани по светов се сместени на ѕидовите од старата куќа и тоа е своевиден музеј на мојата музичка кариера и мојот живот. Таа поставка отсликува минати времиња полни со музицирање, настапи и патувања и албум е за мојата личност“, открива во интервјуто за Гламур магазин маестро Алачки.
Целото интервју со него прочитајте го тука >>
Бонус галерија
Фејсбук/ Марина Дојчиновска
Горан и Марина на Малдивите
Фејсбук/ Марина Дојчиновска
Фејсбук/ Марина Дојчиновска
Фејсбук/ Марина Дојчиновска