Не е како во филмовите – лекари откриваат кои се последните зборови што луѓето често ги изговараат пред смртта
Соочени со смртта, какви би биле последните зборови?

Докторите за крајна грижа на пациентите кои се на умирање, откриваат дека последните зборови на луѓето кои се соочуваат со смрта во нивните последни мигови, спаѓаат во две категории – топли и срцепарателни.
Некои пациенти починале мирно, велејќи дека не жалат за ништо, додека други изразиле тага што ги живееле своите животи земајќи се „здраво за готово“.
Медицинската сестра Џули Мек Фаден, открива дека често луѓето пред смртта ги повикувале своите родители кои починале многу пред нив, а некои пак, ги повикувале поранешните љубовници кои не ги виделе со години.
Но, таа исто така сведочи дека има пациенти кои мирно им велат на луѓето околу нив: „Те сакам.”
„Обично тие зборови не се баш на нивниот последен здив. Многу луѓе мислат дека е како во филмовите — драматична последна изјава за нешто за што отсекогаш жалеле или нешто што сакаат секој да го дознае. Не е баш така,“ објаснува Мек Фаден.
Таа исто така забележала дека „Благодарам,“ „Ти простувам,“ „Прости ми“ и „Збогум“ се исто така често изговорени зборови пред смртта.