Реклама
Дом и семејство

Израдувајте ги децата во петок – новогодишна музичка претстава „Трите самовили го бараат Дедо Мраз“

На 27 декември ќе има новогодишна музичка претстава за деца „Трите самовили го бараат Дедо Мраз“ во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“

Реклама

Новогодишната едукативна и забавна музичка претстава „Трите самовили го бараат Дедо Мраз“, од  „Чудесна продукција“, ќе ја збогати предновогодишната понуда на „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“.

Инспиративната претстава, која ги води децата низ магична авантура, ќе се одржи на 27 декември (петок) во 18:30 часот.

Приказната ги следи трите смешни самовили Муза, Нота и Песна, кои го бараат Дедо Мраз за да почнат да ги пакуваат подароците што треба да ги поделат на дечињата од целиот свет. Дедо Мраз е постојано блиску до нив, но тие не го гледаат. Муза има волшебно стапче со кое постојано ги задева Нота и Песна. Музичко-сценската претстава е збогатена со музика и новогодишни песни, кои ќе ги изведуваат професионални музичари на сцената на лимени дувачки инструменти, а кои во претставата ги играат Џуџињата.

Маркетинг

Настапуваат: Тина Иванова (Нота), Симона Гајдоска (Муза), Дијана Илкоска-Имери (Песна), Александар Ниниќ (Дедо Мраз на туба), Бранко Илиевски (Прво џуџе на тромбон), Никола Ристевски (Второ џуџе на тромбон) и Ник Декарло (Прво џуџе на туба).

Претставата е наменета за деца од 4 до 10 години.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button