Реклама
Наши ѕвезди

Еве зошто цела Македонија ја обожава оваа дама – Петрушовска со еден потег ги освои сите

Можеби на прв поглед не изгледа така, но таа е и вистински романтик, во потрага по својата сродна душа

Реклама

Оваа Македонка од Драчево го освои целиот регион со својот шарм и талент, а се прослави во шоуто „Ѕвездите на Гранд“.

Станува збор за Андријана Петрушовска која во популарното шоу важеше за една од најубавите натпреварувачки, и која со своите неверојатни сценски настапи ги освои симпатиите на сите, но и третото место.

Пејачката посебно ги воодушеви сите кога на сцената се појави со знамето со Ѕвездата од Кутлеш кое е симбол на македонскиот непокор, но и на неправдата што ја чувствува нашиот народ од соседите.

Маркетинг

Инстаграм/ Андријана Петрушовска

По освоеното високо трето место во шоуто на Андријана и се отворија многу врати кога станува збор за нејзината кариера, така што пејачката во изминативе месеци вредно работи и речиси да нема слободен ден. Ги воодушеви сите и со својата прва песна што ја сними за „Гранд“, а неодамна во интервју за оваа продукција зборуваше отворено и за љубовта, откривајќи детали од својот емотивен живот. Таа најпрво призна дека е заљубена, а потоа додаде:

Маркетинг

„Можеш да бидеш заљубен и во себе, така што тоа трае цел живот. Мислам дека првенствено мора да се сакаш самиот себеси, за да те сакаат и останатите. По мое мислење што се однесува до партнерот, можеш цел живот да бидеш вљубен и некого да сакаш. Можеби страста и хемијата како што е на почетокот со тек на време поминува, но можеш да сакаш цел живот“, изјави Андријана за „Гранд“.

Инстаграм/ Андријана Петрушовска

Таа потоа додаде и дека таков пример има дома, посочувајќи ги своите родители кои 25 години живеат заедно и се уште се вљубени.

Инстаграм/ Андријана Петрушовска

„Најдобро е кога имаш дома пример и така можеш да учиш. Мене ми е жал за сите оние што немаат таков пример“, заклучи пејачката.

Инстаграм/ Андријана Петрушовска

На крај таа одговори и како го замислува идеалниот маж, на што вели дека за неа најважно е мажот да се согласува со она што го работи, но и да е културен, фин и нормален, и пред сé да нема социјални мрежи.

Инстаграм/ Андријана Петрушовска

Инстаграм/ Андријана Петрушовска

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button