Реклама
LIFESTYLEВести

Приказната за „Дедо Мраз“-давителот: зошто Адолф Лауденберг убивал жени на Божиќ

Реклама

Во 1970-тите, во Калифорнија почнаа да се случуваат убиства кои го шокираа општеството, но и светот. Како што се испостави подоцна, Адолф Лауденберг стоел зад овие злосторства. Оставал впечаток на добродушен старец, неспособен никому да му наштети. Дали некој можел да претпостави дека на Божиќ се трансформирал во сериски убиец, безмилосно убивајќи ги своите жртви?

Адолф Теодор Лауденберг, познат и како „Санта давител“, бил сериски убиец кој силувал и убивал жени на Божиќ. Овој прекар го добил поради неговата сличност со Дедо Мраз, бидејќи имал бела брада, а никој не можел да замисли дека е олицетворение на злото.

Детството и младоста на Адолф

Адолф Теодор е роден во 1926 година во Кентаки, САД. Неговите родители биле германски имигранти. Мајката на Адолф умрела од алкохолизам додека тој бил млад, а татко му го одгледал сам, а работел во својата мала месарница.

Маркетинг

Адолф не сакал да учи на училиште. Како дете бил интровертен, а единственото хоби му било правењето бастуни за постарите, кои ги продавал за 10 долари по парче.

Откако служел војска, на 18 години се оженил со танчерка по име Анел и го посвоил нејзиното дете. Тие биле сосема различни: Лауденберг претпочитал да поминува време дома и да води повлечен начин на живот, додека неговата сопруга сакала бучно друштво и излегувања. Останувајќи дома, тој можел да помине часови зјапајќи во една точка или да резба дрво.

Маркетинг

Наскоро нивната брачна заедница се распаднала, а Адолф се оженил по вторпат, но ни овој брак не траел долго. По два неуспеси во личниот живот, тој решил да остане самец и почнал да работи како таксист.

Првите жртви

Првите жртви се појавиле во раните 1970-ти. Адолф, кој работел како таксист, преферирал да вози средовечни жени за време на викендите и празниците. Разговарал со нив, дознавајќи ги нивните животни тешкотии, а доколку верувал дека жртвата е несреќна, ја силувал и ја убивал. Едноставно ги носел дома жените кои имале помали или поголеми проблеми.

Така, тој развил посебни критериуми за избор на жртви: несреќни, пијани, или раскалашни кои личеле на неговата прва сопруга.

Првата жена што ја убил е Лоис Петри, која страдала од зависност од алкохол. Набргу по смртта на нејзиниот сопруг, таа била пронајдена силувана и задавена во нејзиниот дом на Божиќ во 1972 година.

Втората жртва на Адолф била Кети Медина, 50-годишна жена исфрлена од нејзиниот сопруг поради неверство.

Третата жртва е 53-годишната Ана Фелч, продавачка на хот-дог која се поплакувала на работата и малата заработувачка, а четвртата била 60-годишната Леа Грифин, која била убиена на плажа откако дознал дека има рак на дојка.

Сите убиства се случиле во Калифорнија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Twisted Listers (@twistedlisterspcast)

Истрага и апсење

Убиецот е фатен благодарение на сопственото признание. Во 1975 година, Адолф ѝ кажал на својата снаа за неговите злосторства, која се омажила за неговиот посвоен син. Ова го направил за да ја заплаши, но девојката се јавила во полиција. Тие не ѝ верувале, но сепак Лауденберг бил повикан на сослушување, по што бил ослободен.

25 години подоцна, во 2000 година, Адолф повторно ги признал убиствата, овојпат на ќерката на неговиот втор син. Полицијата ѝ поверувала, а набрзо, откако ги споредиле фактите, го уапсила Лауденберг. Во еден од случаите, неговата вина брзо била докажана со ДНК тест.

Новинарите биле восхитени од веста за уапсениот „Дедо Мраз“, кој изгледал како добродушен старец. Тие направија од него вистинска сензација, посветувајќи му многу написи во весниците.

Во 2003 година, Адолф Теодор Лауденберг доби доживотна казна затвор и почина во затвор во 2015 година.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button