Исплива видео од Кате од „Нели ти реков“ што СИТЕ ГИ ИЗНЕНАДИ – не сте ја виделе во вакво издание
Пејачката сподели снимка од една забава, па ги изненади сите и со екипата што ја покажа
Еве на кого Кате му пееше на увце
Кате Танева позната и како Кате од „Нели ти реков“, заради групата со која настапуваше со децении, важи за една од најубавите, најскормните, но и најнегуваните дами на нашето естрадно небо.
Таа отсекогаш изгледала убаво и средено од глава до пети, а и денес со својата харизма плени каде и да се појави.
Тоа може да го видиме на секој нејзин настап, бидејќи оваа прекрасна дама со својата харизма и позитивна енергија привлекува внимание каде и да се појави. На сцената се појави во раните 90-те, за кои во една пригода за Гламур ќе изјави дека тоа биле златни години за македонската фолк-музика. Време кога многу се слушаше македонска музика, време кое кога би можела би сакала да се врати таа енергија кога сите беа полни со љубов, среќа и почит, ни откри тогаш Кате, а овој пат и не потсети како тоа би требало да изгледа.
Принтскрин/ Фејсбук
Имено, на нејзиниот Фејсбук Кате сподели снимка од еден ресторан, а на која се гледа како таа се фати за микрофонот, па им запеа на уште две омилени македонски фолк-ѕвезди, и тоа не било кои.
Принтскрин/ Фејсбук
Кате овој пат го вкрсти својот глас со легендарната Благица Павловска, но и со еден од омилените пејачи од помладата генерација.
Принтскрин/ Фејсбук
Станува збор за Влатко Миладиновски кој не го криеше воодушевувањето што се најде во друштво на овие наши фолк диви.
А кога Кате запеа и го пушти својот неверојатен глас, целиот простор беше исполнет со емоции, а гостите уживаа до максимум.
Принтскрин/ Фејсбук
И кога во песната се приклучија Благица и Влатко, се случи ова видео кое може да послужи и како лек за сечија душа.
Како сето тоа изгледаше, погледнете во продолжение…