Ау, ќе се наежите од ова видео – погледнете како Мики Секуловски ја шиее „Ѓурѓовден“, жените во транс!
Предизвика делириум во Гостивар, публиката воодушевена
Шармантниот Мики Секуловски настапи во преполн клуб и одржа настап кој долго време ќе се памети.
Станува збор за еден од најпознатите клубови во Гостивар кој беше исполнет до последно место и речиси да немаше игла каде да падне. Публиката со воодушевување го пречека Мики, а за возврат од македонската Гранд ѕвезда добија емоции што сите ги погодија, па цела вечер заедно со него ги пееја познатите песни.
Од снимките што испливаа на социјалните мрежи може да видиме дека во првите редови имаше најмногу дами, кои не можеа да останат рамнодушни за време на настапот на Мики, па секоја песна ја пееја заедно, што очигледно го импонираше и пејачот.
Инстаграм/ Мики Секуловски
Сепак, кога во еден момент Мики ја запеа „Ѓурѓовден“ и тоа на негов начин, настана вистински делирум меѓу присутните.
Инстаграм/ Мики Секуловски
Следуваше громогласен аплауз, а како изгледаше неверојатната атмосфера погледнете во продолжение…
Инстаграм/ Мики Секуловски
Имено, Мики снимката самиот ја сподели на својот Инстаграм, а која најдобро ја прикажува енергијата и еуфоријата во клубот.
Инстаграм/ Мики Секуловски
Потсетуваме, Мики Секуловски по освоеното второ место во „Ѕвездите на Гранд“ повторно се врати на сцената и тоа во полн сјај.
Инстаграм/ Мики Секуловски
Тој сега вредно работи и настапува постојано, а каде и да пее клубовите се полнат до последно место, што беше случајот и сега.
Инстаграм/ Мики Секуловски
И бидејќи кариерата повторно му оди по нагорна линија, Мики има многу работа, во изминатиот период настапуваше и на концертите на неговата менторка, балканската фолк-кралица Светлана Цеца Ражнатовиќ, што особено му причинува задоволство, бидејќи како што самиот вели, таа е една од најголемите ѕвезди.
Инстаграм/ Мики Секуловски
Мики за Нова година со Цеца
Па така Мики се појави на сцената со најголемата балканска ѕвезда и во Дубаи, а со неа ќе настапува и за Нова година.
Инстаграм/ Мики Секуловски
Тие ќе имаат концерт во Херцег Нови, а на истото место ќе настапува и реперот Војаж, за кого медиумите објавија дека ќе заработи огромна сума за овој свој новогодишен настап.
Повеќе за ова прочитајте тука…