Ова докажува дека бракот не ѝ бил цвеќе за мирисање?! Пејачката Анета со ова ги збуни своите фанови
Пејачката позираше во смело издание, а нејзините фанови и порачаа дека никогаш не изгледала поубаво
„Најдобра си, ги шиеш и српските пејачки“
Познатата фолк-пејачка Анета Љумаковска објави „селфи“ фотографија со која буквално ги „запали“ социјалните мрежи.
Таа позираше во издание во какво досега ја немаме видено, а нејзиниот изглед никого не остави имун.
Таа фотографиите ги објави на своите профили на социјалните мрежи, па следуваа илјадници лајкови и безброј коментари од нејзините обожаватели на смета на нејзиниот фатален изглед.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Имено, македонската фолк ѕвезда се појави облечена во „кожа“ од глава до пети и блесна во издание како за модна писта.
Станува збор за тесно здолниште со длабок шлиц и кожен горен дел со „кроп-топ“ крој кој што исто така беше припиен до телото, така што во преден план беа раскошните атрибути на омилената пејачка со кои таа никого не оставија рамнодушен.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Анета целото издание го „заокружи“ со црни салонки со висок потпетици и залижана коса која и’ стоеше прекрасно.
Кога таа се појави едноставно никој не знаеше каде попрво да погледне, така што ова нејзино моќно издание и те како предизвика бура од реакции и на социјалните мрежи.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
„Најубава“, „Најдобра си, ги шиеш и српските пејачи“, „Бравос Ане, прекрасна си“, беа само некои од коментарите што ги доби.
Интересен беше и коментарот што го доби од една корисничка на социјалните мрежи која и порача дека расцутила по разводот.
„Преубава си, ова е големо докажување дека бракот не ти бил цвеќе за мирисање! Сега си ружа, цветаш, ме радува што си разубавена и вака да останиш“, и порача една корисничка на интернет на познатата пејачка.